Главен стратег на Белата куќа () — еден од главните советници на Претседателот на САД, одговорен за извршување на долгорочните цели и насоки на владата и да го советува претседателот по сите важни прашања. Функцијата е воведена во 2016 г. од Доналд Трамп како новоизбран претседател, назначувајќи го општественикот и стопанственик Стив Бенон на оваа функција, како и на функцијатата Виш советник на претседателот.

Иако не е дел од кабинетот во потесна смисла, главниот стратег е на исто рамниште со Началникот на Белата куќа и донесува одлуки рамноправно со него, за кои е потребен потпис од двајцата.

На 28 јануари 2017 г. главниот стратег е назначен за траен член на Советот за државна безбедност на САД со указ на претседателот Трамп.

На 18 август 2017 г. Бенон е отпуштен од функцијата Главен стратег од страна на генералот Џон Кели.

Поврзано Виш советник на Претседателот на САД Началник на Белата куќа

Наводи

Категорија:Советници на Претседателот на САД