thumb|300px|десно|Илустрација од Книгата за градот на дамите

Книга за градот на дамите () — второ и најпознато прозно дело на италијанско–француската авторка Кристина Пизанска, завршено во 1405 година. Пизанска користела француски дијалекти во пишување на книгата, но често употребувала и латинска синтакса и латински јазични правила на францускиот на кој пишувала.Forhan, Kate Langdon. The Political Theory of Chrisine Pizan. Burlington: Ashgate: 2002. Print. Women and Gender in the Early Mod. World. Оваа книга бил нејзин формален одговор до популарниот Роман за розата од Жан де Мен. Кристина се спротивставила на искажаното мислење за жените од страна на де Мен создавајќи алегоричен град од жени. Таа ги брани жените набројувајќи ги познатите жени низ историјата. Тие дами се „вдомени“ во градот, односно во книгата на Кристина. Како што Кристина го создава градот, таа ја користи секоја позната дама не само како градежен материјал за ѕидините на градот или куќите, туку и како поткрепа на нејзината теза. Секоја дама додадена во градот е аргумент плус за жените како важен чинител во општеството. Таа исто така се залага за задолжително образование за жените.

Кристина Пизанска во 1405 ја завршила и Богатството на градот на дамите (), образовен прирачник наменет за принцезата Маргарита Бургундска. Освен едукација за жените без оглед колку се богати, дава совети и за мажените дами: „Ако таа сака да се однесува одговорно и да биде почитувана од сопругот и средината, треба да биде постојано насмеана.“Cantor, Norman. The Medieval Reader. p. 230 Освен овие две дела, Кристина го напишала и Разговор со Женан Д′Арк.

Наводи

Надворешни врски „Образувана дама“ , Boston College Magazine

Категорија:Средновековна француска литература