Артур Адамов (француски: Arthur Adamov, роден на во - починал на во ) — француски писател од ерменско потекло.

Биографија

Артур Адамов потекнува од богато семејство кои имале нафтени ресурси во Касписко Море, но тоа наскоро исчезнало поради коцкањето и големите долгови на неговиот татко, како и национализацијата на имотот по Октомвриската револуција. По Кисловодск, Баку, Женева и Мајнц, тој се населил во Париз, каде останал до крајот на неговиот живот. Тој бил политички активен со левичарска политичка ориентација.

Драма започнал да ја пишува по Втората светска војна. Тој пишувал и песни: „Пародија“ (1947), „Инвазија“ (1949), „Голем и мал маневар“ (1950) „Професор Таран“ (1953), „Пинг-понг“ (1955), „Паоло Паоли“ (1957), „Пролет 71“ (1960) итн. Во своето дело ја драматизира континуирано очајната потрага по смислата на човекот. Заедно со Семјуел Бекет и Ежен Јонеско се смета за основач на театарот на апсурдот . За разлика од нив двајца, Артур Адамов не се здобил со светска слава во текот на неговиот живот.

Во прилог на драматургијата, тој напишал неколку раскази, автобиографска проза, драми и есеи. Адамов бил и голем преведувач од руски и германски јазик.

Творештво

Творењето Артур Адам било формирано под силно влијание на експресионизмот, надреализмот, прозата на Кафка и драмска уметност на Аугуст Стриндберг, Антонен Арто и Бертолт Брехт. Во неговите дела се истражуваат безнадежноста на човекот во потрага по смислата. Тој во своите дела континуирано го правел, често вметнувајќи црн хумор.

Неговите драмски текстови се тесно поврзани со театарските претстави. Во неговите драми тој често се потпира на визуелни и звучни ефекти, кои функционираат како буквална застапеност на несвесното и свесното. Покрај драма, Артур Адамов пишувал и раскази, автобиографска проза и бројни статии и есеи за театар. Адамов бил и плоден преведувач од руски на германски и француски јазик.

Дела L'Aveu La Parodie L'Invasion La Grande et la Petite Manoeuvre Le Sens de la Marche Tous contre tous Le Professeur Taranne Le Ping-Pong Paolo Paoli Le Printemps '71 La Politique des Restes Ici et Maintenant Sainte Europe M. le Modéré Off Limits (1969) Si l'été revenait

Наводи

Надворешни врски Видео интервју со Артур Адамов

Категорија:Француски писатели