Атанас (Тасе) Христов Тодоров, со псевдоним Аврам Барон/БарунПсевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 93Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 6 (роден во Присовјани) — македонски револуционер, охридски војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.Кратка биографија на Цветко Христов
Животопис Тасе Христов е роден во струшкото село Присовјани. По занает, тој бил ѕидар. Во 1898 година, тој стапнал во редовите на ВМОРО и првично бил терорист на организацијата. Од 1899 година станал четник и до 25 март 1903 година бил во четата на Никола Русински заедно со својот татко Христо Ангелов и браќата Цветко Христов и Дојчин Христов - исто така револуционери од ВМОРО.Русински, Никола, „Принос към историята на Вътрешната Македоно-Одринска Революционна Организация (градивен период) за времето 1900-1903 г.“ Во летото 1902 година станал реонски војвода на Малесија и Охридскиот крај.
На 15 март (стар стил) 1903 година, тој учествувал во борбите против Османлиска ИмеперијаОсманлиите, кај Оздолени, во кои бил убиен поручникот Тома Давидов.Николов, Тома, „Спомени от моето минало“, Изд. на Отеч. фронт, София, 1989. За време на подготовките на Илинденското востание, Тасе Христов бил војвода на Малесиската чета, додека секретар бил Арсени Јовков. Тасе Христов учествувал на собранието, заедно со Христо Узунов, Дејан Димитров, Никола Митрев, Антон Кецкаров, Александар Чакаров и Лазар Димитров за Охридскиот револуционерен реон. Бил делегат на третото заседание на Смилевскиот конгрес на ВМОРО.Билярски и Бурилкова, „Васил Чекаларов, Дневник 1901-1903 г.“, ИК „Синева” София, 2001, стр. 227 Избран бил и за горски началник на Малесија.
За време на востанието, четата раководена од Тасе Христов, го нападнала аскерот во село Елевци. Се воделе редица борби, заобиколени од редовен аскер и башибузучки одреди од Жупа . На 4 август се префрлиле во Горен Дебар, каде ги продолжиле дејствата заедно со четите на Смиле Војданов. Во втората половина на септември, откако го собираат и кријат оружјето од демобилизираните чети во регионот, Цветко, Тасе и Дојчин Христови бегаат во Бугарија, водени по разработен канал од кичевскиот војвода Ванчо СрбаковАнастасов, Йордан. „Илинденско-Преображенското въстание 1903—1968“, „Спомени на Смиле Войданов“ стр. 204, 206, 210 За време на Балканските војни, Тасе Христов бил доброволец во Македонските доброволни чети и служел во 3 чета на Шестата охридска дружина.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 780. За време на Првата светска војна служел во Единаесеттата македонска пешадиска дивизија на бугарската армија.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001., стр. 180-181 По војната се вклучил во обновената ВМРО и на 3 април 1925 година бил назначен од Централниот комитет за војвода на Ресенска околија со 9 четници.Македония История и политическа съдба, Том II, 1912 - 1941 г.“, Колектив, Издателство „Знание“ ООД, София, 1996 г., стр. 168.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Луѓе од Присовјани Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски војводи