Оваа статија е за Атика во Грција. За други Атики видете Атика (појаснување).
Атика (грчки: Αττική) е периферија во Грција, која го содржи Атина, главниот град на Грција. Атика е понатаму поделена на префектурите: Атина, Пиреј, Источна Атика и Западна Атика.
Атика е сместена во тоа што денес е јужна Грција, и покрива околу 3.800 квадратни километри. Покрај Атина, во својата територија ги содржи градовите Пиреј, Елевсис, Мегара, Лавриум и Маратон, како мал дел од полуостровот Пелопонез и островите Саламис, Егина, Порос, Хидра, Спецес, Китира и Андикитера. Околу 3.750.000 луѓе живеат во периферијата, од кои повеќе од 95% се населени во метрополитенската област на Атина.
Атина била оригинално главниот град на Централна Грција.
Географија мини|200px|лево|Периферијата Атика Атика е полуостров кој излегува на Егејското Море. Неколку планини го делат полуостровот на рамнините Педија, Месогија и Триасија. Тие планини се Химетус, источниот дел на Геранија, Парнита, Егалео планините Пендели. На север се граничи со рамнината Беотија, а на запад се граничи со Коринт. Саронскиот Залив лежи на југ и островот Евбеја (Евија) лежи близу северниот брег. Првиот, воедно и единствен голем резервар на Атина, езерото Маратон се наоѓа 42 км на североисток и е наречено „Маратонска Брана“ која што за првпат била отворена во 1920-тите. Оттогаш, таа е најголемото езеро на Атика. Областа околу Парнита и Химетус е покриена со шуми, освен врвовите, но планините на запад и југ се тревнасти, неплодни или пошумени.
Реката Цефисус е најдолгата река, и Парнета или Парнита е највисоката планина во Атика. Префектурата исто така има паркови на планините Химетус, Пендели и Парнита, како и во јужниот дел на полуостровот.
Според Платон, античките граници на Атика бил пролазот, и дека во правецот на континентот, тие се протегале сѐ до височините Цитерон и Парнес. Граничната линија доаѓала надолу во правец на морето, со областа Оропус десно, и реката Асопус како граница лево.
Клима Климата е типично средоземна, со суви и топли лета и минимални врнежи од дожд, и ладни до умерени зими. На планините паѓа мало количество снег секоја зима, но ова ретко се проширува до пониските области. Ретко се случува да се појави и мраз. Шумските огнови и поплавите се чести.
Историја Процесот на обединување на Атика од Атина не е целосно јасен, но се смета дека е во некоја точка од првата половина на 7 век п.н.е. кога Елевсис и околните рамнини биле приклучени кон атинската држава и нивните населеници станале граѓани. Дури тогаш, границите не биле фискирани, со оглед на тоа што Атина водела битки со Мегара за контрола над Саламис и со Боетија над граничните градови како Оропус со векови. Видете Историја на Атина.
Атика подоцна станала дел (сукцесивно) од Римската и Византиското Царство, крстоносното Војводство Атина и Отоманското Царство, сè до Грчката Војна за Независност.
Сообраќај Патишта и автопати Областа е поврзана со патишта и автопати:
Грчки Национален Пат 1 (автопат) Грчки Национален Пат 3 (стар автопат Атина-Солун) Грчки Национален Пат 8 (стар автопат кој ги поврзувал Патрас, Пелопонез и Атина) Грчки Национален Пат 8A (автопат) Грчки Национален Пат 79 Грчки Национален Пат 83 (Авенија Маратонос) Грчки Национален Пат 89 Грчки Национален Пат 91 Атики Одос, број 6 (автопат во приватна сопственост), постепено отворан од 2001 до 2004 Прстен Химетус (број 64), отворен во 2004 Прстен Егалео (број 65), отворен во 2004, сѐ уште во изградба во неговиот јужен дел.
Ферибот Бројни линии за ферибот, и за нормални фериботи и за „летечки делфини“ (брзи морски возила), го поврзуваат пристаништето Пиреј со островите на периферијата. Друго
Атински масовен транзитен систем Атинско Метро Проастикос Транзитен систем (Атика)
Спортски екипи
Фудбалски тимови Прва и втора дивизија A' & B' Етники (2006 / 07) АЕК - Атина Хедари - Хедари, Атина Халкидона - Халкидона ФК Егалео - Егалео, Атина Етникос Астерас - Кесариани, Атина Илисиакос - Зографу, Атина Јоникос - Никеја, основан во 1965 Калитеа - Калитеа (Атина), основан во 1966 -- Олимпијакос (Олимбиакос Синдезмос Фиатлон Пиреос, ОСФП) - Пиреј Панатинаикос - Атина ФК Паниониос - Неа Смирни (Атина) Проодефтики - Никеја (Атина) Трасивулос - Фили, Атина
Трета дивизија
Ахарнекос - Ахарне Агиос Деметриос - Атина Аполон - Атина Етникос - Пиреј, Атина Визас - Мегара
Сите спортови
АК Амбелокипи - Атинаs (во областа на Амбелокипи), четврта дивизија ФК Етникос - Атина, четврта дивизија Фокианос Атинон - Атина, четврта дивизија Терени за мини-фудбал
Личности Ели Ламбети (1 јануари, 1926 во Виља - 1983 во Северна Америка)
Општини и заедници
Видете: Список на општини и заедници во Атика Список на населени места во Атика
Провинции
Провинција Атика Провинција Китера Провинција Мегара Провинција Саламис, сега дел од Пиреј
Поранешните провинции со закосени букви не постојат повеќе.
* Категорија:Историски области