Трескавец — манастир во областа Пелагонија, на 10 километри од градот Прилеп. Се наоѓа на надморска височина од 1280 метри, меѓу карпите под Златоврв (1422 м). Во рамките на манастирот се наоѓа и црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Манастирот има свои конаци и трпезарија. Издигнат високо над карпите во планината, дава прекрасна глетка на околните планини Баба, Бабуна и Кајмакчалан, на рамнината Пелагонија, како и на градовите Прилеп, Битола и Крушево.
До 2013 година, кога бил изграден асфалтен пат до манастирот ТрескавецПуштен во употреба патот до манастирот Трескавец на семрежното место на МКД, се велело дека е најнепристапното и најскриеното светилиште во Македонија, затоа што до него можело да се стигне само со пешачење по тесна, кривулеста патека која поминува покрај неверојатни карпи и различни карстни форми. Манастирот Трескавец е еден од најубавите манастири во Македонија и значаен монашки и духовен центар на Охридската архиепископија.
Историја
Првите жители на овој простор се населиле пред нашата ера, за што сведочат остатоци од антички ѕидини и голема некропола во која се вршени погребувања во текот на осум столетија, од 4 век п.н.е. до 4 век н.е. Од епиграфските споменици вградени во манастирската црква и собрани во дворот на манастирот се дознава името на населбата, Колобаиса, култен центар на Аполон и Артемида.Александар Василевски: Манастирот Трескавец, Скопје 2017, Издавач: Министерство за култура на РМ, Управа за заштита на културното наследство, стр. 7
Манастирот Tрескавец е еднокорабна градба, со тристрана олтарска апсида на исток и бочни капели, посветен на Успението на Пресвета Богородица, изградена во XIII век на остатоците на ранохристијанаки храм, кој во XIV век бил обновен и даруван од српскиот Стефан Урош II Милутин. Цар Душан станал ктитор на манастирот после победата над Византија во 1334 година. мини|десно|Градислав, ктитор на манастирот Манастирот Трескавец бил изграден во текот на отоманската управа над ова подрачје, во архитектонски стил кој се развил под влијание на византиското градежништво. Податоците за изградбата на средновековниот манастир со црквата „Успение на Пресвета Богородица“, за жал, не се зачувани. Единствен извор кој не упатува за неговото постоење од првата половина на XIII век се Трескавечките повелби на Цар Душан, во кои е истакнато дека манастирот бил под јурисдикција на Охридската архиепископија, а во него било практикувано источноправославното монаштво под заштита на византиските владетели. Споменувањето на Душановите претходници, освен во повелбите, е зачувано и во натписот над влезната манастирска врата, каде се насликани фигурите на владетелите Андроник II и Михаил IX. Целата сцена била целосно пресликана кон крајот на 19 век. Како дарител на манастирот се споменува и српскиот владетел Стефан Урош II Милутин, а подоцна царот Душан и неговиот син Стефан Урош V. На источниот ѕид од надворешната припрата до западниот влез во храмот, бил насликан портрет на Стефан Душан, кој во 19 век бил прекриен со малтер, а потоа врз него насликан портретот на Стефан Немања.Александар Василевски: Манастирот Трескавец, Скопје 2017, Издавач: Министерство за култура на РМ, Управа за заштита на културното наследство, стр. 9
Скрипториумот во овој манастир ја започнал својата активност уште во 14 век, а во 16 век се интензивирала работата, и на тој начин манастирот ги обезбедувал околните цркви со богослужбена литература, и манастирската библиотека со нови книги. Последните книги испишани од рацете на трескавечките монаси датираат од првата половина на 18 век, по што духовниот живот во манастирот почнал да замира.Александар Василевски: Манастирот Трескавец, Скопје 2017, Издавач: Министерство за култура на РМ, Управа за заштита на културното наследство, стр. 10 Со укинување на Охридската архиепископија во 1767 година, монашкото братство се намалило, а манастирот западнал во финансиски тешкотии.
Датирањето на манастирот од почетокот на XIII век се поткрепува и врз основа на архитектонската конструкција на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, која е доградувана во неколку фази.
Во XIX век мини|десно|Портрет на јеромонахот Самуил од манастирот Трескавец, насликан од Дичо Зограф, 1854
Во третата деценија на 19 век, игуменот Висарион и монахот Амвросиј го изградиле покриениот дел на католиконот, а нивните ликови биле насликани во една од засводените ниши. Две децении подоцна, во 1854 година, Дичо Зограф го насликал ликот на јеромонахот Самуил, кој е еден од последните монаси што живееле во манастирот. Од втората половина на 19 век, грижата за манастирот ја презеле свештениците од околните села.
Во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година опис на тогашната состојба и прилики во манастирот дава македонскиот револуционер Ѓорче Петров. При самите поли на Златоврв на една мала зарамнетост е манастирот Трескавец или Св. Богородица – еден од старите и богати манастири кај насПетров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. стр. 93. Патникот по патот од Градско за Прилеп, штом се покаже на Плетвар, пред него живописно се издигнува игловидниот Златоврв, во полите на којшто, како залепен за карпите се белее Трескавец. Тој има валчест, макар што неособено широк двор, на сред кој е црквичката. Таа е стара, мала и со три кубиња. Средното од нив е расцепено, треснато од една грмотевица, поради што и манастирот е наречен Трескавец. Од сите страни е заобиколен со згради на 2 ката, со исклучок на јужната страна каде што стои ниска еднокатна стара зграда. Портата е во западниот крај и над неа е издигната камбанаријата. Од Прилеп до манастирот води кривулест, скалест и каменест пат, по кој тешко се оди заседнат на коњ, а од западната страна по земјената западна падина на Златоврв, селаните од околните села Присад, Дупјачани и Небрегово идат во манастирот на чествување, по козји патеки. Манастирот е доста богат. Освен од гостите кои многу го посетуваат како стара светост, многу народ се собира и за панаѓурот на 15 август, на којшто доаѓаат луѓе од цело Прилепско, Велешко, Тиквешко и Крушевско, но главните приходи му доаѓаат од движните и недвижните имоти. Тој е под управата на прилепската општина, која од него зема приход за градските училишта 150-200 лири годишно. Во манастирот нема калуѓери.
Преданија
Народната традиција го зачувала споменот за изградбата на манастирот Трескавец. Еве што вели самото предание: „Местото Светец е една ширинка на запад ко ќе одиш од Маркови Кули, пред Црвени Стени пред да дојдиш, широка ледина позната како Светец. Таму сакале мештаниве да го градат манастиров, црквава. Се вели дека тука мајсториве работеле дење, меѓутоа ноќе се забележувала некоја необична светлина која се движела некаде околу полноќ, како да поминува некоја невидлива сила, некој светец кој свети, ќе трепка, ќе замини и оди кон Богоројца. И таму ги најдувале алатите остаени, кај шо е Трескавец сега манастиро. Утрото пак ги земале, пак граделе, нели започната градба, меѓутоа пак, пак истото се случува до вечерта граделе, од вечерта се појавува светлина, утрото алатите ги нема, на два-трипати то се случило, ете божја волја е тука да не се гради и отогаш таја светлина не се појавила. Се верува дека во одреден период во годината, обично во летно време при полна месечина ко ќе биди, некаде пред празнико Св. Илија ако бидиш буден че можиш да ја видиш таа светлина, светецо како врви, само треба да останиш буден во то време, ако бидиш таму на тоа место“.
Народното предание недвосмислено ни говори дека самото име на манастирот Трескавец претставува еден од атрибутите со кој се изразува митолошкиот Громовник кој со христијанизацијата се оваплотува во ликот на пророкот Илија. На тоа не упатува појавата на светецот во вид на светлина и тоа точно пред празникот на најпо.итуваниот огнен светец, громовникот Св. Илија. Ако на тоа додадеме дека веќе научно е докажано дека местото на манастирот било култно светилиште на Аполон, чија хипостаза е христијанскиот светец Св. Илија, тогаш зачуваните претстави во народната меморија за изградбата на манастирот можеме да ги прифатиме за длабока вистина. Врската на самата местоположба на манастирот со трескањето на Громовникот ја забележала и народната метеорологија на опитните Варошани - земјоделци и сточари кои доколку се појават темни облаци од страната на Златоврв велат: „Еве го иди Св. Илија - сигурно ќе грми и треска!“Ели Луческа, „Манастирот Трескавец со црквата Успение на Света Богородица“. Во: Swieta Gora Athos w kulturze Europy, Europa w kulturze Athosu, Red. M. Kuczynska, Gniezno: Uniwersytet IM. Adam Mickiewicza, Collegium Europaeum Gnesnense, 2009, 264-27
За трескањето на громот од кое се разрушила едната купола по што манастирот го добил своето име запишал и македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година.
Трескањето е меморирано и во едно друго народно предание, запишано од Ј. Хаџи-Васиљевиќ, кој во врска со преименувањето на месноста од Златоврв во Трескавец вели дека откако царицата Кала Марија(Елена), жената на Бајазит посакала да се причести во манастирот, а тоа не ѝ било дозволено од страна на владиката, толку се налутила што наредила да се заколат сите калуѓери (300 на број). Понатаму преданието кажува дека по овој чин од крвта на калуѓерите излегол страшен ѕвер: змеј/змев кој владеел со манастирот цели 160 години сè додека еден ден Бог не пуштил гром на големото црковно кубе кое паднало врз змејот и го убило. „До овој момент“ - вели преданието – „и манастирот и целата планина се викале Златоврв, а од тогаш населението ги нарекло Трескаец по зборот треска - како што се нарекува громот во овој крај“.
Идентично предание запишал и Марко Цепенков во кое уште посликовито е опишан моментот на раѓањето на злото, инкарнинрано во ликот на ѕверот: ламја/гуштер „кој ништо живо не припуштал нито во манастирот, нито около манастирот - со крилја летал од манастир надвор и шетал и пакост чинел“, сè додека на денот на Пречиста Богородица - Мала Богородица, кога мештаните биле на литургија во варошката црква „Света Пречиста Богородица“ не чуле еден тресок голем од зад Маркуи Кули и дури се исплашиле... Најпосле се научиле од овчари и од друзи оти в манастир трештило од ведрина и ровјата удрила над црква“ и го убила ѕверот сред црква, на коските од калуѓерите. Убиството на ѕверот - змеј/змев од страна на громот ни напомнува за зачуваната митска матрица на уништувањето на чудовиштата што го инкарнираат принципот на злото и тоа не само од громовниците, туку и од боговите - демијурзи меѓу кои се вбројува и некогаш овде почитуваниот Аполон. Случувањето на настанот на денот во кој се чевствува раѓањето на Богородица и уништувањето на ѕверот точно над црквата посветена на Богородица не насочува кон древниот мит за громовникот и неговата решавачка борба со лукавиот змејолик противник чија причина е грабнувањето на неговата сопруга. Во науката е добро познато дека по христијанизацијата врховното божество на громот било отелотворено во христијанските ликови на светците - громовници (пред се Св. Илија), а неговата сопруга во христијанскиот лик на Огнена Марија, една од хипостазите на Св. Богородица. Грабнувањето на сопругата, во нашиов случај манастирот со црквата посветена на Св. Богородица, од страна на митското чудовиште е причина Богот - громовник да го упати своето најсмртоносно оружје - громот - тресок и со тоа како во некогашното митско време преку ослободувањето на сопругата, да обезбеди нова космичка или институционална ситуација, односно како што се наведува во преданието “отворање на манастирот кој до ден денешен ет отворен“. Кон поткрепа на оваа хипотеза повторно ќе се повикаме на народното творештво или конкретно на народната песна „Света Богородица и манастир Трескаец“, во која по примерот на Атоската Света Гора каде Богородица ги истерува паганските идоли, овде, на Трескавец, истата ги руши елимските светилишта преку космогонискиот чин на христијанизација на просторот: