Атанас Димитров Белчев ( - , ) — македонски учител и револуционер, малешевски војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Животопис Белчев е роден во малешевското село Русиново. Завршил средно образование и многу години учителствувал низ Малешевијата. Стапил во ВМОРО.

Во 1897 година, Белчев учествувал во создавањето на работилницата за оружје на организацијата во пијанечкото село Саблар. Во 1903 година, тој учествувал во Илинденското востание, со четата на Христо Чернопеев.

По востанието, во 1906 година, Белчев станал раководител на Малешевската револуционерна околија.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 18.

На 29 октомври 1910 година, четата на војводата Белчев, водела борба со првата дружина на противчетничкиот отред (авџи табур). Битката завршила без победник.Дебърски глас, година 2, брой 28, 7 ноември 1910, стр. 4.

Наводи

Категорија:Луѓе од Русиново Категорија:Македонски војводи Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Учесници во Илинденското востание