Ананка () — неправилна месечина на Јупитер. Откриена е од Сет Барнс Николсон во опсерваторијата „Маунт Вилсон“ во 1951 г и наречена по Ананка, старогрчка божица на неизбежноста и мајка на мојрите.
Месечината го добила ова име дури во 1975 г.; пред тоа била позната како . Меѓу 1955 и 1975 г. понекогаш се нарекувала „Адрастеја“ — име кое денес го носи друга месечина на Јупитер.
По месечината е наречена Ананкината група, која се состои повратни неправилни месечини кои кружат околу Јупитер помеѓу 19,3 и 22,7 Гм при наклони од околу 150°.Sheppard, S. S., Jewitt, D. C., Porco, C.; Jupiter's Outer Satellites and Trojans, in Jupiter: The Planet, Satellites and Magnetosphere, edited by Fran Bagenal, Timothy E. Dowling, William B. McKinnon, Cambridge Planetary Science, Vol. 1, Cambridge, UK: Cambridge University Press, ISBN 0-521-81808-7, 2004, pp. 263-280
Орбита Ананка кружи околу Јупитер по висока повратна орбита со големо занесување и голем наклон. Од 2000 г. наваму се откриени осум неправилни месечини околу Јупитер кои следат слични орбити. Сознанијата за орбиталните елементи на Ананка се од јануари 2000 г. Истите постојано се менуваат поради Сончевите и планетарните растројувања. Дијаграмот подолу ја прикажува орбитата на Ананка во однос на другите повратни неправилни Јупитерови месечини. Занесувањето на орбитите е претставено со жолти отсечки (кои се протегаат од перицентар до апоцентар). За упат е дадена и најнадворешната правилна месечина, Калиста.
Земајќи ги овие орбитални елементи и досега познатите физички особености, Ананка се смета за најголем остаток од распарчување со кое е создадена Ананкината група.
Физички особености Во видливиот спектар, Ананка се јавува како неутрална до светлоцрвена (бојни показатели B-V=0,90 V-R=0,38).
Во инфрацрвениот спектар, Ананка е слична на астероидите од типот P, но со можно присуство на вода.
мини|лево|300п|Повратните неправилни Јупитерови меечини.
Поврзано Неправилна месечина Јупитерови месечини
Наводи
Ефемерида: IAU-MPC NSES
Надворешни врски Профил на Ананка — „Истражување на Сончевиот Систем“, НАСА
Категорија:Јупитерови месечини Категорија:Неправилни месечини Категорија:Ананкина група Категорија:Астрономски тела откриени во 1951 година Категорија:Месечини со повратна орбита