Пиратите од Карибите: Проклетството на Црниот бисер (англиски: Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl) — американски филм од 2003 година, во режија на Гор Вербински. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Џони Деп, Џефри Раш, Орландо Блум, Кира Најтли, Џек Девенпорт и Џонатан Прајс.IMDb, Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl (2003) (пристапено на 3.2.2017) Во 2004 година, филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во пет категории, а истата година ја освоил наградата на БАФТА во категоријата за најдобра шминка. Исто така, Џони Деп ја освоил наградата на МТВ (MTV Movie Awards) за најдобар глумец. Вкупно, филмот освоил 31 награда, а имал 93 номинации за разни награди.IMDb, Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl (2003) Awards (пристапено на 3.2.2017)

Содржина Пиратите предводени од капетанот Џек Спароу украле ковчег со златници од времето на Ацтеките и поради тоа биле проколнати така што се претвораат во чудовишта. Од проклетството се спасил само Џек Спароу (го игра Деп), благодарение на тоа што неговиот прв помошник, Барбоса (го глуми Раш), организирал бунт на бродот „Црниот бисер“, оставајќи го Спароу на еден пуст остров. Пиратите мораат да го најдат синот на пиратот Вилијам Тарнер, кој го поседува последниот златник од ковчегот и чија крв може да го тргне проклетството. Затоа, тие напаѓаат една англиска тврдина и притоа, наместо синот на пиратот, ковачот Вил Тарнер (го игра Блум), по грешка ја заробуваат ќерката на гувернерот на тврдината, Елизабет (ја игра Најтли). Истовремено, во тврдината е затворен Спароу, но него го ослободува ковачот Тарнер, со цел да го однесе на островот каде се кријат пиратите. Спароу и Тарнер успеваат да украдат брод, а потоа наоѓаат и морнари и одат на островот. Таму, пиратите пролеваат крв од Елизабет, но не успеваат да ја поништат магијата. Тарнер ја спасува саканата девојка, но го остава Спароу на милоста на пиратите. За кратко време, пиратите повторно го заробуваат бродот на кој се наоѓаат Тарнер, Елизабет и морнарите при што ги оставаат Елизабет и Спароу на пуст остров.

Сепак, таму пристигнува брод на англиската морнарица и Елизабет и Спароу се спасени. Тогаш, Елизабет бара од капетанот на бродот, Норингтон (го игра Девенпорт) да тргне во потрага по Тарнер, ветувајќи дека ќе се омажи за него. Така, англиската војска оди на островот каде се кријат пиратите на Барбоса. Таму, Спароу со лукавство успева да украде еден златник од проклетото богатство, со што станува бесмртен, а потоа го убива Барбоса, додека англиската војска ги убива останатите пирати. Кога се враќаат во тврдината, Спароу е осуден на смртна казна, но од самата бесилка го спасува Тарнер. Спароу успева да избега, а Елизабет признава дека го сака Тарнер, откажувајќи ја свршувачката со Норингтон.IMDb, Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl (2003) (пристапено на 3.2.2017)

Улоги

|Џони Деп |капетан Џек Спароу |- |Орландо Блум |Вилијам „Вил“ Тарнер |- |Кира Најтли |Елизабет Свон |- |Џефри Раш |капетан Хектор Барбоса |- |Џек Давенпорт |комодор Џејмс Норингтон |- |Џонатан Прајс |гувернер Ведерби Свон |- |Кевин Макнали |Џошами Гибс |- |Зои Салдана |Анамарија |- |Ли Аренберг |Пинтел |- |Макензи Кук |Рагети |- |Дејвид Бејли |Котон

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2003 година Категорија:Филмови со Џони Деп Категорија:Филмови со Кира Најтли Категорија:Филмови со Орландо Блум Категорија:Филмови со Џефри Раш Категорија:Пиратите од Карибите Категорија:Акциони филмови Категорија:Филмови за пирати Категорија:Филмови на Гор Вербински Категорија:Американски фантастични филмови Категорија:Американски акциони филмови