Зумбул (тур. sümbül; лат. Hyacinthus) е род од монокотиледони со скриено семе од истоимената фамилија Hyacinthaceae, како и еден вид од тој род, која природно (спонтано) расте во пределите на југозападна Азија, од Мала Азија, преку Сирија, Либан, Израел и Ирак до Иран. Постои слична популација и во Далмација и Грција. Природни терени за зумбулот се камењари од приморје до високите планини (2000 метри надморска височина).Davis, P.H. 1965. Flora of Turkey. Edinburgh University Press.
Некои автори ги сместуваат двата вида сродни на родот Hyacinthella (H. litwonowii и H. transcaspicus) во родот на зумбули како: Hyacinthus litwinowii и Hyacinthus transcaspicus.
Опис на билката Зумбулот е повеќегодишна зелјеста билка со подземно стебло во вид на луковица. Има висина до 50 см, со 4-12 ниски лисја и еден цвет на стеблото кое го носи гроздовидниот цвет. Бројот на цветови на гроздовидниот цвет е до 15 кај самоникнатите и супспонтаните билки, додека кај одгледуваната култура може да се видат и по 50 цветови. Цвета во пролет, цветовите се многу миризливи, сини, розови, жолти или со бела боја, хермафродити. Лисјето се сраснати во цевкастиот дел, со врвовите кои стрчат или се виткаат и даваат ѕвонест изглед на целиот цвет. Опрашувањето го вршат инсектите. Плодот има тркалезна чаура. Семето има кафено-црна боја, со бел арилусум. Зумбулот е мирмекохорна билка.
Значење на зумбулот
Во источното Средоземје зумбулот се одгледува одамна, јачината од миризбата на цветот бара мало внимание при одгледувањето. Поголемо значење и популарност постигнува во 18 век во Европа, кога во Холандија се создадени повеќе од 2000 култивирани и хибридни зумбули. Препорачани работи во текот на одгледувањето: коренчињата се садат во септември и октомври, се додаваат ѓубрива во текот на цветањето (најчесто во март) и остранувањето на свенатите стебла и листови (април-јуни) како во корените се собира повеќе енегија и храна.
Есенцијалното масло од зумбул се користи во парфимерии.Usher, G. 1974. A Dictionary of Plants Used by Man. Constable. ISBN 0-09-457920-2Hill, A.F. 1952. Economic Botany. The Maple Press Од цветовите се добива сина боја.Grae, I. 1974. Nature's Colors - Dyes from Plants. MacMillan Publishing Co. New York. ISBN 0-02-544950-8 Билниот сок од стаблото може да предизвика контактен дерматитисCooper, M. & Johnson, A. 1984. Poisonous Plants in Britain and their Effects on Animals and Man. HMSO. ISBN 0-11-242529-1, а коренот е богат со токсини и отровен е за цицачите.Huxley, A. 1992. The New RHS Dictionary of Gardening. MacMillan Press ISBN 0-333-47494-5
Зумбулот во култура
Латинското име на родот е дадено по Хијакинт од старогрчката митологија, а широко природниот ареал на зумбулите имаат голема улога во човековата културата и уметноста. Иранците со него ги украсуваат масите при дочек на Персиската Нова Година (Нороуз). Пророкот Мухамед кажувал: „Да имам две парчиња леб, едниот би го продал и би купил зумбули, затоа што тие ќе ми ја нахранат душата".
Наводи
Категорија:Шпаргловидни Категорија:Турцизми