Демиен Шазел (англиски: Damien Chazelle) — американски филмски режисер.
Творештво Шазел ја започнал кариерата во 2009 година, со нискобуџетниот филм „Гај и Медлин на клупа во паркот“ (Guy and Madeline on a Park Bench), снимен со непрофесионални глумци, а инспириран од францускиот нов бран и од раните дела на Џон Касаветес. Иако доживеал успех на повеќе фестивали, филмот останал без дистрибуција по киносалите. Во 2014 година го режирал филмот „Ритамот на лудилото“ (Whiplash) којшто бил номиниран за наградата „Оскар“ во пет категории, а освоил три „Оскари“. Две години подоцна, Шазел го снимил мјузиклот „Ла-ла ленд“, кој постигнал голем успех и освоил седум награди „Златен глобус“.Ѓорѓи Јаневски, „La La Land (Ла Ла Ленд)“, Економија и Бизнис, година 18, број 224, февруари 2017, стр. 96-97.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски режисери Категорија:Апсолвенти на Харвард Категорија:Родени во 1985 година Категорија:Добитници на Златен глобус