Сашо Огненовски (1964, Битола) — македонски глумец, режисер и писател.
Животопис Огненовски дипломирал на Факултетот за драмски уметност во Скопје, во 1987 година. Во 2002 година магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, на тема од областа на општењето и медиумите. Работел како стручен соработник и професор на Педагошкиот факултет во Битола, и како професор по сценски говор на Меѓународниот славјански институт.„Објавена книга со драми на Сашо Огненовски“, Дневник, година XXI, број 6289, вторник, 14 февруари 2017, стр. 17.
Творештво Огненовски одиграл повеќе од 100 улоги на сцената на Народниот театар во Битола. Исто така, тој е автор на повеќе книги, како: Лавина (1995) Обична бајка (поезија, 2002) Режисерската семантика на Владимир Милчин (2002) Монографија за Ацо Ѓорчев (2010) Волшебниот компас (поезија, 2011) Тага (драма, 2012) Плодовите на пеколот (2014) Пустински цвет (2015) Тврдина (драми, 2017)
Наводи
Категорија:Родени во 1964 година Категорија:Глумци од Битола Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски режисери Категорија:Професори на УКЛО Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје Категорија:Професори на Меѓународниот славјански универзитет