Колатерал (англиски: Collateral) – американски филм 2004 година, во режија на Мајкл Мен. Главните улоги ги толкуваат Том Круз, Џејми Фокс, Хавиер Бардем, Џејда Пинкет Смит и Марк Рафало. Филмот освоил девет филмски награди, а имал вкупно 36 номинации.„Колатерална штета“, Антена, број 952, 23.9.2016, стр. 21.

Содржина Дејството на филмот се одвива во текот на една вечер, кога животите на двајца луѓе ќе се променат засекогаш. Еден возач на такси запознава професионален убиец кого го вози вечерта од една до друга „работа“, со што принудно станува негов соучесник. Оттука, нему му преостанува само да пронајде начин како да ја спаси последната жртва, која и самиот ја познава.„Колатерална штета“, Антена, број 952, 23.9.2016, стр. 21.

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2004 година Категорија:Филмови со Том Круз Категорија:Филмови со Џејми Фокс Категорија:Филмови со Џејда Пинкет Смит Категорија:Филмови со Марк Рафало Категорија:Филмови на Мајкл Мен