Дулоксетин е лек кој се употребува во третманот на големо депресивно растројство, болка при дијабетична периферна невропатија, генерализирано анксиозно растројство.

Спаѓа во класата на хетероциклични антидепресиви познати како инхибитори на повторното преземање на серотонин–норепинефрин. Тој слабо ја инхибира реапсорпцијата на допаминот, без значаен ефект кон хистаминергичните, допаминергичните, холинергичните и адренергичните рецептори.

Категорија:Антидепресиви