Пекол на хоризонтот (англиски: Deepwater Horizon) — биографски американски филм од 2016 година, режиран од Питер Берг, по сценарио на Метју Сенд и Метју Мајкл Карнахан. Во главните улоги се појавуваат Марк Волберг, Курт Расел, Џон Малкович, Џина Родригес, Дилан О'Брајен и Кејт Хадсон. Филмот е заснован на експлозијата на нафтената платформа Дипвотер Хоризон и изливот на нафта во Мексиканскиот Залив во 2010 година.

Снимањето на филмот започнало на 27 април 2015 година во Њу Орлеанс, Луизијана. Филмот премиерно бил прикажан на филмскиот фестивал во Торонто на 13 септември 2016 година и бил издаден во САД на 30 септември 2016 година. Пекол на хоризонтот главно добил позитивни критики и заработил преку 119 милиони долари во светски рамки. Филмот добил две номинации за Оскар на 89. доделување на наградите, и тоа за најдобра монтажа на звук и најдобри визуелни ефекти.

Улоги Марк Волберг како Мајк Вилијамс Курт Расел како Џими Харел Џон Малкович како Доналд Видрин Џина Родригес како Андреа Флејтас Дилан О'Брајен како Кејлеб Холовеј Кејт Хадсон како Фелисија Вилијамс Итан Сапли како Џејсон Андерсон Трејс Адкинс како ожалостен татко во хотелот Бред Лиланд како Роберт Калуза

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Питер Берг