Олимписки стадион Ататурк (турски: Atatürk Olimpiyat Stadyumu) — фудбалски стадион кој се наоѓа во Истанбул, Турција.
Стадионот е именуван по Мустафа Кемал Ататурк, основачот и прв претседател на Република Турција. Неговата изградба започнала во 1999 година и била завршена во 2002 година, по неуспешниот обид на Турција да победи како земја-организатор на Олимписките игри во 2008 година, кои на крајот се одржале во Пекинг. Изградбата на стадионот чинела околу 140 милиони американски долари.
Со своите 76.092 седишта и олимписки димензии, од страна на УЕФА стадонот добил титулата „Петѕвезден спортски комплекс“ во 2004 година. Ова му овозможило на стадионот да биде домаќин на финалето од Лигата на шампионите во 2005 година помеѓу Милан и Ливерпул. Освен тоа, во текот на својата историја стадионот бил домаќин и на неколку европски атлетски натпревари.
На овој стадион своите домашни натпревари ги играле ФК Истанбул Башакшехир (2007–2014), ФК Галатасарај (2003–2004) и ФК Бешикташ (2013–2016). Денеска се користи од страна на Фудбалската репрезентација на Турција како и финалето од Фудбалскиот куп на Турција.
Рекорди
+ Рекордна посетеност Место Посетеност Дата Натпревар 1 79,414 31 јули 2002 ФК Галатасарај – ФК Олимпијакос 2 77,512 22 септември 2013 ФК Бешикташ – ФК Галатасарај 3 72,059 25 мај 2005 ФК Милан – ФК Ливерпул 4 71,334 21 September 2003 ФК Галатасарај – ФК Фенербахче 5 71,230 12 септември 2006 ФК Галатасарај – ФК Бордо 6 66,300 13 август 2003 ФК Галатасарај – ПФК ЦСКА Москва 7 65,110 19 март 2015 ФК Бешикташ – ФК Клуб Бриж 8 63,324 26 февруари 2015 ФК Бешикташ – ФК Ливерпул 9 62,620 9 август 2003 ФК Галатасарај – ФК Дијарбеќирспор 10 60,747 29 август 2013 ФК Бешикташ – ФК Тромсо
Наводи
Надворешни врски
Official website Stadium Guide Article World Stadiums Article
Категорија:Башакшехир Категорија:Фудбалски стадиони во Турција Категорија:Мустафа Кемал Ататурк Категорија:Спортски зданија во Истанбул Категорија:Стадиони во Европа