Водафон арена (турски: Vodafone Arena) — фудбалски стадион кој се наоѓа во регионот Бешикташ, Истанбул, Турција. Од спонзорски причини, стадионот во моментот се нарекува „Водафон арена“.

На овој стадион своите домашни натпреваи ги игра екипата на ФК Бешикташ. Стадионот бил изграден во 2016 година, на местото на стадионот Инону, кој исто така бил седиште на ФК Бешикташ и кој бил разрушен во 2013 година. Стадионот има сместивост од околу 43.500 гледачи.

Поради блискоста на палатата Долмабахче, Саат кулата, џамијата и Босфорот, турскиот Висок совет за споменици побарал од архитектите да понудат антички изглед на стадионот за да одговара на околната историски област.

Наводи

Надворешни врски

Vodafone Arena at bjk.com.tr

Категорија:Бешикташ (Истанбул) Категорија:Фудбалски стадиони во Турција Категорија:ФК Бешикташ Категорија:Спортски зданија во Истанбул Категорија:Стадиони во Европа Категорија:Високотехнолошка архитектура