Колпортер арена — повеќенаменски стадион во Келце, Полска. Стадионот најмногу се користи за фудбалски натпревари и тука своите домашни натпревари ги игра екипата на Корона Келце. Стадионот е со сместивост од 15.500 гледачи и бил изграден во 2006 година. Станува збор за еден од најмодерните стадиони во Полска.

Првиот натпревар на стадионот бил одигран на 1 април 2006 година меѓу екипите на Корона Келце и Заглебје Лубин во рамките на првата фудбалска лига на Полска. Натпреварот завршил со резултат 1–1 .

Стариот стадион на Корона Келце моментално го користи резервниот тим на клубот.

Натпревари на репрезентацијата Досега полската фудбалска репрезентација изиграла три натпревари на Колпортер арената. Првиот натпревар бил против Ерменија во квалификациите за Европското првенство 2008. Вториот натпревар бил против Сан марино во квалификациите за Светското првенство 2010. Тој натпревар бил значаен поради две причини: прво, Полска ја забележала највисоката победа во својата фудбалска историја победувајќи со резултат 10:0, и второ, Полска го постигнала својот најбрз гол во историјата благодарение на Рафал Богуски, кој постигнал гол за водство од 1-0 во 23. секунда од натпреварот.

Пријателски натпревар помеѓу Полска и Финска се одиграл на стадионот на 23 мај 2010 година.

Бр.НатпреварувањеДатумПротивникГледачиРезултат1 Квалификации за Европско првенство 2008 28 март 2007 15500 1–0 (1–0)2 Квалификации за Светско првенство 2010 1 април 2009 15550 10–0 (4–0)3 Пријателски натпревар 29 мај 2010 14000 0–0 (0–0)

Наводи

Категорија:Фудбалски стадиони во Полска Категорија:Стадиони во Европа