Бадем Чифлик () — село во Општина Кавала во Кавалскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 28 километри западно од градот Кавала и на 11 километри јужно од Селјани.

Селото се наоѓа на надморска височина од 80 метри.

Историја Отоманско Царство

Селото во текот на XIX век се наоѓало во составот на Отоманското Царство. Селото било населено со Роми и населбата била основана во XVI век. Во текот на XVIII век во селото било отворено грчко училиште.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 30 РомиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 203..

Грција

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Амигдалеонас.

Демографија

Во 1928 година бројот на населението бил 509 лица, додека во 1940 година селото броело 794 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 1292 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1208 жители, во 1971 година имало 1067 жители, во 1981 година имало 1529 жители, додека во 1991 година имало 1559 жители. Денеска, населението на селото е 2724 жители според пописот од 2011 година.

Наводи

Категорија:Кавала