Врапчин (, Химадио, или Χειμάδιον, Химадион, до 1928 година Βράπτσιν, Врапцин или Βράψιν, ВрапсинΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βράπτσιν - Χειμάδι) — раселено село во Егејска Македонија, Република Грција, во општината Суровичево, во областа Западна Македонија. Со пописите од 1981 и 1991 година жителите се вклучени во соседното село Сребрени.
Географија и местоположба Врапчин е сместено на самиот западен брег на Врапчинско Езеро (Рудничко Езеро). Селото се наоѓа на надморска висина од 600 м. Всушност тоа било колибарска населба на селаните од Сребрени.
Историја За време на Османлиското Царство во селото живеел турски семејства кои се иселиле за време на Првата балканска војна.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Врапчин се води како мешано македонско-турско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 8 куќи.
Селото било напуштено во текот Грчката граѓанска војна.
Демографија Милоевиќ наведува дека во селото живееле 8 турски семејства. Истите се разбегале за време на Првата балканска војна, а имотите ги откупиле Македонци од соседното Сребрени. Движењето на населениото по години е следното: 1913 - 28 жители (заедно со соседното Инско) 1920 - 47 жители 1928 - 56 жители 1940 - 15 жители 1951 - не се спомнува како населба 1961 - 23 жители 1971 - 8 жители 1981 - вклучени во Сребрени
Наводи
Надворешни врски Портал на Општина Суровичево
Категорија:Историски села во Суровичево