Дрис Мертенс (роден на 6 мај 1987 во Левен) — белгиски фудбалер, напаѓач на Галатасарај и на белгиската репрезентација.

Мертенс ја започнал кариерата во родната Белгија, каде играл за неколку клубови пред да се пресели во Холандија во 2006 година, каде што дошол до израз во дресот на АГОВ. Од 2009 година тој се етаблирал прво во , во чии редови играл две сезони, а потоа во , каде одиграл уште две години, освојувајќи еден Куп на Холандија (2011-2012) и еден Суперкуп на Холандија (2012). Најголемиот дел од неговата кариера се поврзува со , клуб за кој играл 9 сезони и со кого освоил два Купа на Италија (2013-2014 и 2019-2020) и еден Суперкуп (2014). Тој, исто така, е рекордер по бројот на постигнати голови за Наполи во сите официјални натпреварувања, во Серија А и во европските натпреварувања. Од 2022 година, игра за Галатасарај, со кого го освоил турското првенство (2022-2023).

На поединечно ниво, тој бил вклучен во Тимот на годината на Серија А за сезоната 2016-2017 и бил избран за Белгиски фудбалер на годината во 2016 година. Исто така, бил вклучен во листата од 30 кандидати номинирани за добивање на Златната топка во 2017 година.

Мертенс го направил своето деби за репрезентацијата на Белгија во 2011 година и оттогаш има 109 настапи, кој го рангираат на шесттото место на вечната листа на играчи со најмногу настапи за Белгија. Тој бил во составот на својата нација на три Светски првенства во 2014, 2018 и 2022, како и на две Европски во 2016 и 2020.

Биографија Дрис е син на Херман, петкратен белгиски шампион во гимнастика, додека мајката, Маријке ван Кампен, е универзитетски професор по педагогија; неговиот брат Јероен работи на телевизија во Белгија како автор и водител.Mertens: "Voglio restare a Napoli il più a lungo possibile" solonapoli.com Од 2015 година е оженет со телевизиската водителка Катрин Керхофс.Het Nieuwsblad (30 december 2015), Dries Mertens koopt “mooiste huis van Leuven”. Пристапено на 7 јули 2018.

Технички карактеристики Разноврсен играч со вешт дриблинг, кој најчесто настапува на позицијата лево крило, но исто така често бил користен и како полушпиц од страна на Дик Адвокат; Мертенс е добар стрелец, но и асистент за својте соиграчи. Во сезоната 2016-2017, на барање на тренерот Маурицио Сари, поради повредата на Аркадиуш Милик, Мертенс играл како главен напаѓач, постигнувајќи одлични резултати.

Клупска кариера Рани години Роден во Левен, Белгија, Мертенс ја започнал својата кариера во сега веќе распаднатиот локален клуб Стад Левен. Додека тој бил тука скаути на еден од најпознатите белгиски клубови Андерлехт го забележале Мертенс, и во крајна линија тоа резултирало понудена шанса за него да се приклучи на младинската школа на клубот во 1998 година. Тој поминал пет години во младинската школа на Андерлехт пред да биде отпуштен во 2003 година, кога тренерите во академијата укажале на тоа дека тој бил премногу низок и физички неспособен да се натпреварува на професионално ниво.

По ослободувањето од Андерлехт, Мертенс потпишал за друг прводивизионен клуб од Белгија Гент. По две сезони во младинската академија на Гент, Мертенс бил позајмен во Алст за сезоната 2005-2006. Тој брилирал во третата дивизија и бил прогласен за играч на годината. Сепак, тренерскиот штаб во Гент, многу слично на оние од Андерлехт пред неколку години, останале неубедени од квалитетите на Мертенс најмногу заради неговиот мал раст. Сепак, тој останал под договор со Гент и бил позајмен повторно следната сезона, овој пат во АГОВ Апелдорн во Холандија.

АГОВ На 1 јули 2006 година, Мертенс официјално потпишал за АГОВ Апелдорн, клуб кој подоцна се распаѓа во 2013 година, на заем за една сезона, со опција за откуп доколку клубот биде задоволен од неговите игри. Тој успеа да се врати со 2 гола во 35 настапи за време на сезона, во која тој станал омилен меѓу навивачите и поддржувачите на Сините. Формата со која настапувал Мертенс го поттикнала раководството на АГОВ, предводено од страна на новиот тренер Џон ван ден Бром, да ја искористат опцијата за потпишување на траен договор со белгискиот играч следната сезона. Тоа бил потег кој итекако му се исплатил на холандскиот клуб кога Мертенс ја завршил сезоната со 15 гола во 38 натпревари за тимот.

Како растело неговото влијание врз клубот така и клубот имал сè повеќе доверба во Мертенс назначувајќи го за нов капитен за сезоната 2008-2009. Мертенс брилирал во својата нова улога и придонел со уште 13 гола за сезоната по што му била доделена наградата за Златен Бул за најталентиран играчи во Ерсте дивиси. Тоа ќе биде неговата последна сезона во клубот, бидејќи на крајот на сезоната тој се согласи да му се приклучи на една лига повисоко рангираниот клуб Утрехт во Ередивиси. Мертенс направил 110 настапи во сите натпреварувања за АГОВ во текот на три сезони во клубот и постигнал 31 гол.

Утрехт thumb|upright|left|Мертенс на тренинг со Утрехт во 2009 година Откако добиле согласност од АГОВ во март 2009, Утрехт го договориле доаѓањето на Мертенс пред почетокот на сезоната 2009-2010, официјално реализирајќи го трансферот за кој платиле обесштетување од 600.000 €. Во својата дебитантска сезона со клубот, Мертенс постигнал шест голови и бил финалист, зад напаѓачот на Ајакс, Луис Суарес, во изборот за наградата "Фудбалер на годината во Холандија". Тој исто така бил награден со "Трофеј Ди Томазо", наградата за играч на сезоната на Утрехт.

Тој ги подобрил неговите резултати во следната сезона, постигнувајќи 10 гола во 31 натпревар во лигата за Утрехт, вклучувајќи го и хет-трикот во последното коло против АЗ Алкмар, и трите гола во неговото деби во Лига Европа. Севкупно, Мертенс постигнал 14 гола во сите натпреварувања и имал неверојатни 24 асистенции. Тоа се покажала неговата последна сезона во клубот, бидејќи неговата фантастична форма на Стадион Галгенвард го привлекла вниманието на некои од најголемите клубови во лигата. За две сезони поминати во Утрехт, Мертенс постигнал вкупно 21 гол во 86 натпревари во сите натпреварувања.

ПСВ Ајндховен thumb|right|200px|Мертенс во ПСВ Ајндховен во 2012 година Во јуни 2011 година, било објавено дека Мертенс потпишал за ПСВ како замена за заминатиот Балаш Џуџак во пакет со соиграчот од Утрехт, Кевин Стротман, за вкупен надомест од 13 милиони евра. Тој постигна гол во своето официјално деби за клубот на 7 август 2011 година, постигнувајќи го почесниот погодок за ПСВ во поразот со 3-1 на гостувањето кај АЗ Алкмар. Подоцна тој месец, на 28 август, Мертенс го постигнал својот прв хет-трик за ПСВ во победата со 6-1 над Екселсиор. Силниот старт на сезоната на Мертенс кулминирал "во победата со 7-1 над Рода на 24 септември 2011 година постигнувајќи четири гола", со што дошол до бројката од 11 постигнати гола во својте први 7 натпревари за ПСВ. Во завршниот дел од кампањата, Мертенс загубил поголем број од забите кога се судрил со голманот на Хераклес Ремко Пасвер, иако тој успеал да постигне гол за време на инцидентот. На социјалната мрежа Твитер било откриено подоцна дека Пасвер нашол еден заб на Мертенс закопан во неговата глава, три недели подоцна откако играчите се судрија. Мертенс ја завршил сезоната со 21 постигнат гол во 33 натпревари, заземајќи го четвртото место на списокот на стрелците во Ередивиси за таа сезона. Тој, исто така, постигнал три гола во четири натпревари во Купот на Холандија, вклучувајќи го и голот со глава во финалето на Де Којп, во Ротердам, во кое ПСВ со 3-0 го победил Хераклес.

Следната сезона Мертенс ја започнал со додавање на уште еден трофеј, откако во првиот натпревар од новата сезона му помогнал на ПСВ да го победи Ајакс со 4-2 во Јохан Кројф Шилд (Суперкуп на Холандија), асистирајќи притоа за првиот гол кој го постигнал Ола Тоивонен по само 3 минути игра. На 30 септември 2012 година, Мертенс и Јирген Локадија, кој го имал своето деби во Ередивисије, постигнале хет-трик во победата на ПСВ над ВВВ Венло со 6-0. Мертенс ја завршил сезоната со 14 постигнати голови во лигата, 16 во сите натпреварувања, но ПСВ ја завршиле сезоната како второпласирани зад Ајакс во Ередивисије. Тој, исто така, додал и 17 асистенции. Тоа била неговата последна сезона во Ередивисије, откако по завршувањето на истата ПСВ ја прифатил понудата на клубот од Серија А, Наполи за неговиот потпис. Мертенс го напуштил Ајндховен забележувајќи 88 натпревари за клубот и постигнал 45 голови во текот на две сезони.

Наполи На 16 јуни 2013, агентот на Мертенс Серен Лерби потврдил дека играчот се согласил на потпишување договор со италијанскиот Наполи. Трансферот го чинел Наполи 9.480.000 €, а Мертенс потпишал петгодишен договор со кој заработувал 1,2 милиони евра по сезона.Inter-Mertens, parte l'assalto Така тој станал првото засилување на новиот тренер на Наполи, Рафа Бенитес. Своето деби во Серија А го направил на 25 август 2013, влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Марек Хамшик во победата со 3-0 над Болоња. Неговиот прв гол за наполитнаците дошол на 30 октомври, кога тој го постигнал победничкиот погодок со кој била совладана Фјорентина на гости со 1-2. Во првиот натпревар на Наполи по Серија А после зимската пауза на 6 јануари 2014 година, Мертенс ги постигнал своите први два гола во еден исти натпревар за клубот во победата со 2-0 над Сампдорија. Потоа тој го постигнал и вториот гол за Наполи во победата со 2-0 над Јувентус на 30 март, со што партенопеите му го нанеле само вториот лигашки пораз на подоцнежниот шампион. На 3 мај 2014 година Мертенс го освојува својот прв трофеј со Наполи, победувајќи во Купот на Италија; во финалето против Фјорентина тој се појавил во игра на местото на Марек Хамшик во 64-тата минута и го постигнал последниот гол за водство на Наполи од 3-1 (што било и конечен резултат) во судиското продолжение, заверувајќи ја победата на небесно сините. Својата прва сезона во Италија ја завршил со 11 голови во првенството (во 33 настапи) и уште два во Купот на Италија.

thumb|right|250px|Мертенс (позади), со соиграчите од ја слави титулата во Суперкупот на Италија 2014 освоена во Доха. На 18 септември 2014, во натпреварот од групната фаза на Лигата на Европа, Мертенс постигнал два гола против Спарта Прага (3-1), негови први за Наполи во некое од клупските натпреварувања на УЕФА. На 22 декември 2014 тој заработил уште еден шампионски медал, по победата на Наполи над Јувентус на пенали во Суперкупот на Италија иако тој бил еден од тројцата играчи на неговиот клуб којшто промашиле. И покрај тоа што претежно бил користен како замена, тој продолжил да игра во добра форма за Наполи во текот на следната сезона и пол, постигнувајќи 10 гола и придонесувајќи 11 асистенции во текот на сезоната 2014-2015 и уште 11 гола во текот на сезоната 2015-2016. Во текот на неговата трета сезона во Неапол, Мертенс постигнал два гола во победата со 5-0 над клубот од неговата родна земја Клуб Бриж придонесувајќи притоа за највисоката победа во историјата на Наполи во натпреварите од Лигата на Европа. Мертенс, исто така, постигнал и хет-трик во второто полувреме во убедливата победа во првенството со 6-0 над Болоња на 19 април 2016 година. Тој бил еден од само четворицата играчи кој успеале да постигнат хет-трик во текот на сезоната 2015-2016 во Серија А, покрај Никола Калиниќ, Сусо и неговиот соиграч Гонсало Игуаин.