Снихово (, до 1927 година Σνίχοβο, СниховоΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σνίχοβο - Δεσπότης) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција. Според пописот од 2011 година селото има 15 жители.

Географија и местоположба Селото се наоѓа на околу 15 километри јужно од градот Гребен. Селскиот атар изнесува 27 км2.

Историја За време на Османлиското Царство Кон крајот на ХІХ век Снихово е грчко христијанско село во јужниот дел на Гребенската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона во 1904 година во Снихово имало 125 Грци христијани.Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001, 48-49.

Во Грција За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Снихово станува дел на Кралството Грција.

Во 1927 година името на селото е сменето во Деспотис, во превод Владика во чест на прогласувањето на митрополитот Емилијан Гребенски за национален маченик.

Во 1970-1971 година управата на воената хунта во Грција создала ново село Агии Теодори, во кое постепено се селеле жителите на Снихово и на уште 6 околни села.Официјално туристичко семрежно место за Западна Македонија

Демографија Неговото население до 1913 веројатно го сочинувале Грци христијани. Во пописот од 1913 година евидентирани се 226 жители, во 1920 година 207 жители, а во 1928 година 195 жители.

Стопанство Населението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.

Наводи

Категорија:Гребен (општина)