Александар Андреев (1883-1928) — македонски револуционер, велешки, солунски и ениџевардарски војвода и член на Македонската револуционерна организација.Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 10

Животопис Александар Андреев е роден во 1883 година. Во 1901 година станал четник кај војводите Крсте Асенов, Христо Чернопеев и Иван Наумов Аљабакот. Во периодот од 1907 до 1908 година бил назначен за велешки реонски војвода на Организацијата. Во 1911 година повторно се вратил во Велешко како војвода на чета. По извесно време бил назначен за војвода на чета во Солунско и Ениџевардарско.

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски војводи Категорија:Починати во Софија