Киримзиќиој или Кирмези Ќој (), до 1927 година () Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κιρμιζή Κιόι -- Κοκκιναράς) – село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 12 жители.
Географија Селото се наоѓа на околу 12 км северозападно од Кожани, помалку од 2 км од Деделер.
Историја За време на Османлиското Царство Кон крајот на XIX век Киримзиќој е турско село во Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година, во Керирзиќој (Κεριρζήκιοι) живееле 75 Турци.Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001.
Во Грција За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Џиџилер станува дел на Кралството Грција.
Во 1913 година селото Џиџилер има 62 жители. Во 1920-тите години населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 13 семејства и 48 жители бегалци.
Во 1927 година името на селото е променето во Кокинарас. Демографија Пописи Движењето на населението по години е следното: 1913 – 62 жители 1920 – 85 жители 1928 – 54 жители
Стопанство Населението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.
Наводи
Категорија:Кожани