мини|Карта на Тасмановото Море мини|Сатилетска фотографија на Тасмановото Море

Тасманово Море (англ. Tasman Sea) е голема водна површина помеѓу Австралија и Нов Зеланд со пречник од околу 2000 километри. Ова море е југозападен сегмент на Јужниот Тихи Океан. Именувано е по холандскиот истражувач Абел Тасман, првиот Европеец кој ги открил Нов Зеланд и Тасманија. Британскиот исражувач Џејмс Кук подоцна, во 1770-тите детално го истражувал Тасмановото Море како дел од неговото прво патешествие.

Според Меѓународната хидрографска организација, во Тасмановото море спаѓаат водите источно од австралиските држави Нов Јужен Велс, Викторија и Тасманија. Северната држава Квинсленд се граничи со Коралното Море, а границата помеѓу Нов Јужен Велс и Квинсленд исто така е и граница помеѓу двете мориња.

Тасмановото Море има разни островски групи во неговата средина, сосема раздалечени од австралиските или новозеландските крајбрежни острови:

Лорд Хау и неговите споредни острови Болова Пирамида. Остров Норфолк), во најсеверниот дел на Тасмановото Море, на границата со Коралното Море.

Сите овие острови ѝ припаѓаат на Австралија.

Поврзано Абел Тасман

Категорија:Мориња во Австралија Категорија:Мориња во Нов Зеланд Категорија:Крајбрежје на Нов Зеланд Категорија:Мориња во Океанија Категорија:Мориња во Тихиот Океан