Доротеја Ланг (26 мај 1895- 11 октомври 1965) е американска фоторепортерка и фотограф, најпозната по фотографиите во времето на Големата депресија во Америка и работата во Управата за заштита на фармери. Работата на Ланг ги овековечила последиците од Големата депресија и извршила влијание во развојот на документарна фотографија.
Ран живот Доротеја Ланг била родена во фамилијата на германски имигранти на 26 мај 1895 година во Блумфилд 1041, Хобокен, Њу Џерси. Таа е родена како Доротеја Маргарета Нуцхорн. Еден од потрауматичните настани во нејзиниот живот е напуштањето на семејството од нејзиниот татко кога таа имала само дванаесет години, па поради тоа се откажува од татковото презиме земајќи го моминското презиме на нејзината мајка „Ланг“. Друг таков момент е кога се разболела од детска парализа на седум годишна возраст оставајќи ја куца на десната нога целиот свој живот.
За нејзиниот физички недостаток во една прилика таа изјавува: „Тоа ме оформи, ми го трасира патот, ме води, ми помогна и ме омаловажи воедно. Никогаш не го преболев и сум свесна за силата и моќта која ми ја даде“.
Кариера Ланг го завршила женското средно училиште „Вадлеј“, a се образовала во областа на фотографијата на Универзитетот Колумбија во Њујорк во класата на Кларенс Х. Вајт. Таа работела во неколку неколку фото студија како чирак во Њујорк (едно од студијата е тоа на Арнолд Гент) каде неформално се дообразувала.
Во 1918 година го напуштила Њујорк заедно со една од нејзините пријателки за да патува низ светот, но нејзиното патување завршило во Сан франциско поради грабеж и таа останала да живее таму. Живеела покрај брегот на Беркли до крајот на својот живот каде отвора фото студио за портрети кое своевремено ја достигнало својата слава. Во 1920 година се омажила за исклучителниот сликар од западот Мајнард Диксон, со кој има два сина, Даниел, роден 1925 година и Џон, роден 1930 година.
Во зародишот на Големата депресија таа го пренасочила својот објектив од студиото кон улиците каде започнала со истражувања на животот на бездомниците и невработените. Нејзината фотографија „Белиот ангел на работ“ (1933) на која е прикажан осамен човек со завртен грб на толпа луѓе кои стојат пред кујна во која се служи супа, го привлекла вниманието на локалните фотографи и и обезбедуила место во Агенцијата за иселеништво.
Агенција за иселеништво мини|Мајка мигрант мини|Сиромашни, болно бебе, и автомобил во неволја! (1937) Во декември 1935 година, Ланг се развела од Диксон и се премажува за економистот Пол Шустер Тејлор, професор по економија на Универзитетот во Калифорнија, Беркли. Во следните пет години го документирала животот во руралните области заедно со својот сопруг, а особено внимание посветува на експлоатацијата на закупците и мигрантските работници.- Тејлор ги интервјуирал и собирал податоци во својата област, а Ланг фотографирала.
Со работата во Агенцијата за иселништво и УЗФ, истражувајќи на темата на сиромашните и заборавени луѓе, особено закупците, присилно разделени фармерски фамилии и работници мигранти, тие го привлекуваат вниманието на јавноста. Нејзините фотографии се појавуваат во дневните весници низ целата земја и стануваат белег на една ера.
Едно од најпрепознатливите дела на Ланг е „Мајка Мигрант“. Жената на фотографијата е Флоренс Овенс Томпсон.
За своето искуство за оваа фотографија во 1960 година Ланг изјавува:
По враќањето на Ланг од кампот, таа разговарала со уредникот на дневниот весник „Сан Франциско“ за условите таму, каде му доставила две од нејзините фотографии. За тамошната ситуацијата тој ги информирал јавните власти и издава статија на која ги објавува фотографиите. Како резултат на ова, властите веднаш започнуваат да преземаат мерки за подобрување на мизерните услови во камповите.
Според синот на Томпсон, Ланг ги преувеличила деталите од приказната, но и покрај тоа, фотографијата е своевиден доказ за начинот на живот на мигрантите. Фотографиите на Ланг направени за потребите на Управата за заштита на фармери се објавени во книгата на Џон Стеинбек „Цигани жетвари“ издадена од Сан Франциско Њуз во 1936 година.
Јапонско-американска интернација мини|Децата на Вејл јавното училиште во Сан Франциско се колнат на верност предАмериканското знаме во април 1942 година, пред интернација на Јапонски Американци мини|Дедо и внук на Манзанар Центарот за преселување Во 1941 година, Ланг ја добила наградата за особени достигнувања во фотографијата од Друштвото Гугенхајм. По нападот на Перл Харбор, таа се откажала од престижната награда за да ја документира присилната евакуација на Јапонците од западниот брег на САД, спроведена по наредба на воените власти. Ланг темелно го забележала нивното насилно иселување, по кое следувало нивно затворање во интернациски кампови. Потоа патувала низ урбаните и руралните области на Калифорнија, фотографирајќи семејства кои се подготвувале да ги напуштат своите домови.
Таа посетила неколку привремени центри за сместување, а потоа престојувала и во Манзанар, првиот привремен камп за интернација. Нејзините фотографии ги прикажувале секојдневните сцени во кампот, како сортирање багаж, семејства со значки со имиња кои чекале да бидат сместени и други обични, но значајни моменти. Меѓу најпознатите нејзини фотографии била онаа на деца од јапонско потекло родени во Америка кои се заколнувале на верност кон американското знаме непосредно пред да бидат испратени во камповите. За многумина, оваа фотографија претставувала потсетник на политиката на затворање луѓе без тие да бидат осудени за какво било кривично дело.
Критичкиот тон на нејзините фотографии бил лесно воочлив, поради што воените власти конфискувале голем дел од нив. Како резултат на тоа, тие не биле јавно прикажувани повеќе од педесет години. Денес, фотографиите од интернациските кампови се достапни во Националниот архив на САД, во библиотеката Банкрофт на Универзитетот во Калифорнија, Беркли и во Музејот Оукленд во Калифорнија.
Факултет за применета уметност во Калифорнија Во 1945 година, по покана на Ансел Адамс, Ланг прифатила да стане дел од првата катедра за фотографија на Факултетот за применета уметност во Калифорнија. Кон наставниот кадар подоцна им се придружиле и Имоџен Канингам и Мајнор Вајт.
Во 1952 година, таа била меѓу основачите на списанието Аперчур. Во средината на 1950-тите, Ланг и Пиркел Џонс добиле задача од списанието Лајф да го документираат исчезнувањето на градот Монтичело во Калифорнија, чии жители биле преселени поради изградбата на браната Пута Крик и создавањето на езерото Бериеса. Иако списанието не ја објавило нивната репортажа, Ланг подоцна ѝ посветила цел број на оваа тема во Аперчур. Колекцијата фотографии била изложена во Уметнички институт во Чикаго во 1960 година.
Друга значајна серија фотографии, објавена во Лајф во 1954 година, била посветена на адвокатот Мартин Пулич. Проектот произлегол од интересот на Ланг за начинот на кој сиромашните луѓе биле третирани од судскиот систем, интерес што бил поттикнат од апсењето и судскиот процес на нејзиниот брат.
Ланг му помогнала и на својот пријател Едвард Стеихен при подготовката на неговата меѓународна изложба Семеен човек во Музеј на модерна уметност. Таа ги искористила своите контакти од Управата за заштита на фармерите и списанието Лајф за да привлече фотографи и да го промовира проектот. Во 1953 година, Ланг објавила отворено писмо упатено до фотографите ширум светот, со цел да поттикне што поголемо учество во изложбата. „Покажете човек на човек- Со ова се надеваме дека преку фотографијата ќе допреме до човековите желби и аспирации, неговата сила и неговиот очај пред злото. Ако фотографијата ја има моќта да ги оживее овие страни на човекот, оваа изложба ќе биде создадена во духот на страста и посветата на надежта на човекот. Не треба да постои ништо помалку од ова“.
Смрт Последните дваесет години од нејзиниот живот ги поминала со многу кревко здравје. Боледувала од гастроинтестинални проблеми и проблеми поврзани со болеста од своето детство- иако ова навраќање на болеста во подоцнежни години било сè уште непознато на физиологијата.
Ланг умирела на седумдесет годишна возраст од рак на хранопроводот на 11 октомври 1965 година во Сан Франциско, Калифорнија.
Наводи
Категорија:Родени во 1895 година Категорија:Починати во 1965 година Категорија:Фотопортретисти