Христо Ќуркчиев (роден во 1872 година во Крушево, починал во 1941 година во Софија) бил еден од шестте членови на Привремената влада на Крушевската Република и првиот и единствен градоначалник во Крушевската Република. Животопис Христо Ќуркчиев е роден во 1872 година во градот Крушево, тогаш Отоманско Царство. Според потеклото, неговиот дедо Трајчо Стрезов бил од селото Бучин, Крушевско, но од таму бил протеран па со целата фамилија се преселил во Крушево. Ќуркчиев образованието го има завршено во Солунската машка гимназија каде што научил течно да зборува на француски јазик. Пред да се подигне востанието се знимавал со чевларство. Во Крушевската Република Веднаш по прогласувњаето на Крушевската Република се дала иницијатива за формирање на Привремена влада. Во неа влегле шестмина граѓани на Крушево, меѓу кои и Христо Ќуркчиев. Секој од нив добил функција според нивното искуство, па така Ќуркчиев бил назначен за градоначалник, при што неговата функција била и да раководи со градската милиција. Амнестија и емиграција По падот на републиката и заземањето на Крушево и Крушевско од османлиската војска, заедно со Димитар Секулов, одговорен за прехрана и производство, наводно поради тоа што ги заштитил жените во турската администрација бил испратен во Битола од Бахтијар паша. Сепак, во 1904 година се спасува од општа амнестија и веднаш емигрира во Бугарија каде што се сместува во Софија.

Животот во Софија го посветува на својот стар занает, при што се занимавал со чевларство, и поради таа причина отворил чевларски дуќан. Во 1941 година, тој добил мозочен удар и умрел во Софија, Царство Бугарија во своите 60-ти години. Наводи

Категорија:Градоначалници на Крушево Категорија:Луѓе од Крушево Категорија:Родени во 1872 година Категорија:Починати во 1941 година Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Починати во Софија Категорија:Погребани на Централните софиски гробишта