Хавиер „Хави“ Мартинес Агинага (; роден во Естела, на година) — шпански фудбалер кој игра за Баерн Минхен во германската Бундеслига, како дефанзивец или дефанзивен играч за врска. Во Билбао во тимот на Атлетик Билбао пристигнал во 2006 година пред својот 18-ти роденден, и бргу се наметнал како стартер.

Мартинес го освоил Светското првенство во фудбал во 2010 година и ЕУРО 2012 со репрезентацијата на Шпанија.

Клупска кариера Атлетик Билбао Мартинес е роден во Естела-Лизара, Навара. Првиот професионален договор го потпишал со Атлетик како 17-годишник за шест милиони евра во летото 2006 година. Мартинес набргу станал незаменлив во својата прва сезона, каде што забележал значајни резултати. Сезоната ја завршил со 35 одиграни натпревари, на кои постигнал 3 голови.

Баерн Минхен На 29 август 2012 година, Баерн Минхен ја платил откупната клаузула од 40 милиони € во неговиот договор, а Мартинес потпишал петогодишен договор со германскиот клуб. Тој така поставил рекорд во 50-годишната историја на Бундеслигата. Мартинес дебитирал на 2 септември - на својот 24-ти роденден - влегувајќи во 77-та минута како замена за Бастијан Швајнштајгер, на натпреварот против ФК Штутгарт. Тој го постигнал својот прв гол за новиот клуб против Хановер 96, на 24 ноември.

Трофеи и награди Атлетик Билбао Лига на Европа : финале 2011/12. Баерн Минхен Бундеслига (4) : 2012/13, 2013/14, 2014/15, 2015/16. Куп на Германија (3) : 2012/13, 2013/14, 2015/16. Суперкуп на Германија (2) : 2012, 2016. Телеком куп на Германија (2) : 2013, 2014. Лига на шампиони (1) : 2012/13. УЕФА суперкуп (1) : 2013. Светско клупско првенство (1) : 2013.

Репрезентација на Шпанија Светско првенство (1) : 2010. Европско првенство (1) : 2012. Куп конфедерации : (друго место) 2013. Европско првенство до 21 години (1) : 2011. Европско првенство до 19. години (1) : 2007.

Наводи

Надворешни врски

Bayern official profile National team data

Категорија:Живи луѓе Категорија:Шпански фудбалери Категорија:Наварски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Осасуна Категорија:Фудбалери на ФК Атлетик Билбао Категорија:Фудбалери на ФК Бајерн Минхен Категорија:Баскиски фудбалски репрезентетивци