Херувим и кочија или Ангел со јајце во кочија — царско Фабержеово јајце, едно од низата од педесет и две украсени јајца направени од страна на Петар Карл Фаберже за руското царско семејство. Било изработено и доставено во 1888 година на тогашниот цар на Русија, Александар III. Ова е едно од изгубените царски јајца, па така многу малку детали се познати.

Дизајн

Точниот дизајн на јајцето Херувим со кочија не е познат. Постои само една фотографија, иако е затскриено од друго јајце и може да се види само од замаглен одраз. Постои краток опис од царските архиви во Државниот руски историски архив во Москва, кој го опишува подарокот како „Ангел влече кочија со јајце - 1500 рубљи, ангел со часовник во златно јајце 600 рубљи“. Според Марина Лопато во „Фаберже: Царскиот златар“ (Fabergé: Imperial Jeweller; 1993), овој опис значи часовник во рамките на златно јајце, кое е во кочија влечена од ангел. Фактурата на Фаберже има сличен опис, каде херувимот влече кочија со јајце и херувим со часовник во златно јајце. Овие два описи се поддржани од инвентарот од 1917 година на запленетото царско богатство, каде било наведено: „златно јајце, обликувано со брилијанти (дијаманти), сафир, со сребро, златно постелје во облик на вагон со две тркала“.Lowes, 2001 Pg. 25

Изненадување

Изненадувањето било часовник во рамките на јајцето на кочијата, иако точниот дизајн не е познат.

Историја на јајцето

Јајцето било подарено на Марија Фјодоровна на 24 април 1888 година од Александар III. Јајцеот било чувано во Гачинскиот дворец во 1891 година и било едно од 40. или повеќе јајца испратено до Оружениот замок во Кремљ во 1917 година по Револуцијата од страна на привремената влада. Во 1922 година било пренесено до Совнарком, од каде веќе му се губи трагата. Во 1930-тите години, Виктор и Арманд Хамер можеби го купиле јајцето. Продажниот каталог за изложбата на Арманд Хамер од 1934 година во Лорд & Тејлор во Њујорк го опишува како „минијатурен сребрен оклоп кое држи количка со Велигденско јајце, направено од Фаберже, царски златар“, кое изгледа го опишува јајцето „Херувим и кочија“. Арманд Хамер можеби не бил запознаен со значајноста на предметот и дека се работело за царското јајце од 1888 година, бидејќи имал навика да промовира царски предмети. Без разлика да тоа било јајцето од 1888 година, денес не се знае каде е.

Поврзано Фабержеови јајца

Наводи

Категорија:Изгубени Фабержеови јајца Категорија:Дела од 1888 година