Матео Ковачиќ (роден на , во ) — хрватски фудбалер, играч од средниот ред на Манчестер Сити и на хрватската репрезентација. Ковачиќ најчесто игра во средниот ред како плејмејкер, но може да ги покрива и другите позиции во средниот ред, како крилен играч или офанзивен играч за врска.
Фудбалската кариера ја започнал во Динамо Загреб на 16 години, екипа со која освоил две последователни првенства во Хрватска пред да се пресели во Интер во 2013. По крајот на сезоната 2014-2015, Ковачиќ преминал во Реал Мадрид, каде ја освоил Лигата на шампиони во 2016. Член е на фудбалската репрезентација на Хрватска од 2013, и со националната екипа настапил на светското првенство во фудбал 2014 и европското првенство во фудбал 2016. Неговиот прекар е „Професорот“. Ковачиќ течно зборува пет јазици: англиски, хрватски, германски, шпански, и италијански.Marca.com По вероисповед е католик и посетува црква секоја недела.
Статистика Клупска
КлубСезонаПрвенствоКупЕвропаВкупноНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиДинамо Загреб2010–11712000912011–12255711214472012–131111080201Total437101201739Интер2012–1313010401802013–1432030–3502014–153551083448Total80550123978Реал Мадрид2015–1625010813412016–172116051322Total46170132663Career total1691322145623620
Репрезентативна
ХрватскаГодинаНастапиГолови2013702014120201551201680Total321
Признанија Клупски Со Динамо Загреб Прва фудбалска лига на Хрватска: 2010–11, 2011–12 Хрватски фудбалски куп: 2010–11, 2011–12
Со Реал Мадрид Лига на шампиони: 2015–16 Суперкуп на УЕФА: 2016 Светско клупско првенство во фудбал: 2016
Поединечни Надежен хрватски фудбалер на годината: 2011
Наводи
Надворешни врски
Профил на страницата на Реал Мадрид
Категорија:Живи луѓе Категорија:Хрватски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери на ФК Динамо Загреб Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Сити Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026