Свети Ѓорѓи (позната и како Свети Ѓорѓија) — главна селска црква во козјачкото село Пелинце, Македонија.

Местоположба

Црквата е сместена во маалото Златанци, во непосредна близина на старото основно училиште.

До црквата води земјен пат.

Историја

Според авторот Јован Трифуноски, црквата била започната во 1925 година, а била осветена во 1936 година. Претходно, на тоа место се наоѓал голем камен крст. Градбата на црквата многу ја помогнале браќата Андреј и Василиј Спасиќ, пекари, по потекло од Пелинце, но иселени во Пожаревац.

Во 1967 година во близина на црквата бил подигнат помошен објект. Јужно од црквата е подигната правоаголна трпезарија од отворен тип.

Архитектура

Градбата на црквата е еднокорабна. Околу нејзе има придружни објекти како камбанарија и помошни објекти. Има покрив на две води и апсида на источниот ѕид и поседува скромен надворешен изглед. Единствено при фасадниот третман применето е хоризонтално шрафирање на фасадниот малтер. Декоративниот профилиран кровен венец, околу прозорските отвори и цоклето на објектот се обработени со примена на боја.

Состојбата на градбата е добра, при што во изминатиот период било извршено препокривање со ќерамиди, поставување на нови олуци и нови прозорски рамки, малтерисување и варосување на внатрешноста, додека сводната конструкција била обложена со пластична ламперија и биле поставени мермени плочи врз камениот под.

Фрескоживопис

Внатрешноста на црквата не е живописана. Нејзините ѕидови се малтерисани и варосани. Единствена фреска е ликот на патронот Свети Ѓорѓи во нишата над влезот.

Икони и иконостас

Во црквата има икони.

Галерија

Поврзано Кумановско-кратовско архијерејско намесништво Карпинско-жегљанска парохија Пелинце

Наводи

Надворешни врски

Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија

Пелинце