Собирачи на пепел - роман на македонскиот писател Давор Стојановски од 2016 година, добитник на наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“.

Содржина Романот е раскажан во прво лице еднина, а главниот јунак е млад бонвиван, страстен учесник во ноќниот живот на градот и кој често ги менува сексуалните партнерки. Истовремено, тој е молчелив, лиричен, рефлексивен и летаргичен. Тој носи огромен револт кон светот околу себе, но не го искажува гласно, но затоа не го инетресираат вообичаените нешта, како: бракот, семејството, работата итн. Во романот се опишува еден долг ден во животот на главниот јунак, во кој тој се навраќања во сеќавањето и така оживува разни случки од минатото. Неговиот ден започнува така што тој оди на погреб, по што талка низ градот и на крајот завршува како натрапник во една куќа, барајќи тоалет. Преминувајќи го Вардар, нему му текнува дека постојат два збора за река во францускиот јазик, па така почнува приказната за неговата свршувачка со една Французинка. Подоцна, на прославата на годишнината од матурата, тој се сеќава на пријателката од училишните денови, која во меѓувреме се отселила во Франција.Роберт Алаѓозовски, „Во потрага по јунакот на нашето време“, Економија и бизнис, година 19, број 226, април 2017, стр. 98-100.

Осврт кон романот Романот би можел да се опише како постадолесцентска проза. Тој не е жанровски или интердисциплинарно измешан, но се доближува до лирската проза. Авторот има цврста и одмерена реченица и успева на лесен и незабележлив начин да ги измеша миметичкиот план, описот на реалното Скопје со симболичкиот слој на доживувањето, а надворешниот свет е насликан преку неколку прецизни контури. Романот има модернистичка концепција. Во делото има прекрасни метафорички пасажи на социјалната условеност на луѓето кои не успеале да се снајдат во општеството.Роберт Алаѓозовски, „Во потрага по јунакот на нашето време“, Економија и бизнис, година 19, број 226, април 2017, стр. 98-100.

Наводи

Категорија:Дела на Давор Стојановски Категорија:Македонски романи Категорија:Изданија на Или-или Категорија:Книги од 2016 година Категорија:Македонски дела од 2016 година Категорија:Појавено во 2016 година во Македонија