Лука Миливојевиќ (српски: Лука Миливојевић) роден на 7 април 1991 година е српски професионален фудбалер кој настапува како играч од средината на теренот во англиската Премиер лига за тимот на Кристал Палас и за репрезентацијата на Србија.

Клупска кариера

Рани години Својата прва професионална сезона ја одиграл во неговиот роден град во клубот на Раднички Крагуевац за време на сезоната 2007-08 во српската лига Запад. На крајот на таа сезона тој се преселил во првата српска лига во тимот наРад кој влегол во сениорскиот тим во сезоната 2008-09 српската супер лига. Тој играл на десната страна од средниот ред.

Црвена Ѕвезда Миливојевиќ потпишла за Црвена Ѕвезда на 19 демекври 2011 година.Novi Magazin (Serbian): Luka Milivojević potpisao za Zvezdu 19 December 2012 Неговото пристигнување во Црвена Ѕвезда во голема мера се должи на желбата на тогашниот тренер Роберт Просинечки, кој верувал дека Миливојевиќ има голем потенцијал. На 17 ноември 2012 година, Миливојевиќ постигнал импресивен гол против градскиот ривалПартизан. Blic Sport: Milivojević: Ceo život sam sanjao i molio Boga da dam gol Partizanu 18 November 2012

Андерлехт На 26 јули 2013 година, Миливојевиќ потпишал пет годишен договор со белгискиот гигант Андерлехт. Sports Mole: Milivojević joins Anderlecht (28 July 2013 На 1 септември 2014 година, тој најавил дека ќе се приклучи на Олимпијакос како позејмен играч од Андерлехт. После сезоната 2013-14 година, Лука Миливојевиќ ја потврдли неговата желба да остане во клубот. Двата клуба тогаш започнале преговори по завршувањето на сезоната со што се остварила желбата на Миливојевиќ и неговиот премин во Олимпијакос да биде постојан. Преговорите со белгискиот клуб биле завршени и со тоа Олимпијакос биле подготвени да платат 2,7 милиони евра на Андерлехт за 24-годишниот играч од средниот ред на Србија.

Олимпијакос На 4 јуни 2015 година Андерлехт потврдил дека Олимпијакос го откупил договорот на Лука Миливојевиќ.Српскиот интрернационалец потпишал четригодишен договор вреден 2.3 милиони евра. На 30 јуни 2015 година, Олимпијакос ја одби понудата од пет милиони евра од страна на Фенербахче, кој сакал да го доведе Миливојевиќ во својте редови. Кристал Палас На 31 јануари 2016 година, Миливојевиќ потпиша три и пол годишен договор со премиерлигашот Кристал Палас, а трансферот бил вреден 16 милиони евра. Јас сум воодушевен што го донесовме Лука во клубот. Тој има искуство во Лигата на шампионите и во меѓународниот фудбал и ќе додаде нова димензија на нашиот среден ред. Тој е талентиран играч кој игра одлично со двете нозе со интелигентни додавања и способност да помигне во одбраната, изјавил Алардајс за мрежното место на клубот по потпишувањето на договорот. По два месеци во клубот, српскиот робустен играч со своите вештини веќе дал резултат во борбата за опстанок. На 10 април 2017 година, тој го постигнал својот прв гол за Палас во победата со 3-0 над Арсенал, погодувајќи од белата точка за заокружување на целокупниот импресивен приказ.''

Репрезентативна кариера Тој бил член на фудбалската репрезентација на Србија под 21 година. За првпат тој бил повикан во серниорксиот репрезентација на 29 септември 2011 година, против Италија и Словенија во квалификациите за Уефа Евро 2012.Milivojević: "Hvala Jankoviću, biću još bolji'' at Sportske.net Тој го направил своето деби за Србија на 14 ноември 2012 година, во пријателски натпревар против Чиле.Mondo (Serbian): "Orlovi" opet poleteli... 14 November 2012

Наводи

Надворешни врски Scoresway.com Profile Luka Milivojević at Utakmica.rs

Категорија:Српски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Кристал Палас Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Луѓе од Крагуевац Категорија:Родени во 1991 година