Основно училиште „Борис Трајковски“ (официјално: Основно општинско училиште „Борис Трајковски“ - Моноспитово; скратено: ООУ „Борис Трајковски“) — централно основно училиште во струмичкото село Моноспитово, Општина Босилово.
Училиштето е именувано по македонскиот претседател Борис Трајковски.
Местоположба
Училиштето е сместено надвор од селото, на локалниот пат кој води до селото Еднокуќево.
Историја
Училишниот објект бил изграден во 2006 година и тогаш работело како подрачно училиште на основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Иловица. Во 2012 година добило статус на централно основно училиште.
Објект
Училиштето е изградено од тврд материјал со посебен влез за учениците од прво одделение и посебен влез за другите одделенија. Поседува еден кабинет и 8 училници, како и други простории. Затоплувањето на училиштето се врши со парно греење.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегува следново подрачно училиште: ПУ „Борис Трајковски“ - Бориево, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува на македонски наставен јазик. Училиштето ги опфаќа учениците од Моноспитово и од Бориево, каде има подрачно училиште со настава до петто одделение.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Основни училишта во Општина Босилово Категорија:Моноспитово Моноспитово Категорија:Основни училишта во Македонија