Белинташ () — камено плато во бугарските Родопи со траги од древни човечки активности. Се претпоставува дека тоа е култен објект од бакарното време, кој бил користен за ритуални потреби од племињата кои живееле во областа, иако неговата природа и намена сè уште не се целосно разјаснети. Постојат и хипотетички претпоставки дека постојното древно светилиште му било посветено на богот Сабазиј, подоцна кога Тракијците го населиле овој дел од планината. Должината на каменото плато е околу 300 м, а надморската височина е 1225 м. Се наоѓа на 30 км југоисточно од Асеновград. Тоа е второ светилиште врежано во камен во Бугарија, зад Перперек.

Според проф. Валерија Фол, Белинташ е еден од најјаките примери на многуфункционално свето место. Некои научници сметаат дека покрај за ритуални цели, светилиштето служело и за астрономски мерења. мини|700px|десно|Панорама на Белинташ

Етимологија на името Белинташ значи „бел камен“ и е образуван од бугарската придавка „бял“ (бел), кој во месните говори може да има форма „белиан“ или „белан“, и турскиот збор „таш“ (камен)Костадинов (Чешмеджиев), Костадин Ж. Местните имена в Асеновградско. изд. Еко Белан, 1997 г. стр. 158..

Според теоријата на Никола Боев (која не ја споделуваат археолозите и историчарите), топонимот Белинташ може да се преведе како „каменот на војната“. Боев го поврзува името со светата војна за главното светилиште на Сабазиј/Дионис во Родопите]].

Според народните преданија местото е именувано според соработникот на Караџа војвода – Бел војвода24chasa.bg „Белинташ – по-старо плато от Перперикон?“ (Автор ЕЛИЦА ЙЪЛДЪРЪМ) 10.11.2010

Проф. Ана Радунчева во своето истражување истакнува дека белиот магнезит, со кој била обвиена бакарновременската могила до с. Долнослав, е добиен од реонот на светилиштето Белинташ и дека во овој дел на тракиската низина уште во ерата на халколитот, во почетокот на месец мај се забележува уникатната природна појава „бели ноќи“ и тогаш целата ридска рамнина е обвиена со пенлив бел сјај, а високо над него на мастилно синиот фон на ноќното небо се издвојува јасно „машка фигура која лежи", која потсетува на висорамнинката-олтар гледано од низината, што според Радунчева има врска со името на светото место.Радунчева, А, „Разкопки и проучвания Книга XXXII. Късноенеолитно общество в Българските земи“, БАН, София, 2003 г.

Датирање Научниците се склони почетокот на култните активности во Белинташ да го сместат во V в.п.н.е. Археологот Борислав Бориславов тврди дека Белинташ е основан порано од другото познато тракиско светилиште во Родопите — Перперек.

Археолошки истражувања Првите ископувања во Белинташ ги направиле бугарските археолози од Историскиот музеј Асеновград во 1975 година asmuseum-bg.com Музеите на Асеновград «Беланташ».

Истражувањата продолжиле во 1980 година, кога се претпоставило дека висорамнинката претставува древна сончева опсерваторијаДокументален филм на БНТ (РТВЦ Пловдив) «Тракийските опсерватории Белинташ, Татул и Харманкая»Стоев и кол. 1990 : А. Стоев, П. Мъглова, В. Гинева, Ц. Радославова. Тракийското скално светилище Белинташ край с. Мостово, Пловдивска област — модел на древна слънчева обсерватория. — Интердисциплинарни Изследвания, XVII , 1990, 156—167 стр..

Ископувањата на групата на археологот Иван Христов во 2003 година покажале присуство на материјали од камено-бакарното време, од доцното бронзено време, раното железно време, старогрчки и римски артефакти, што водат до заклучок дека светилиштето Белинташ се користело со вековиАгенция «Фокус» интервю с археолога Борислав Бориславов от 20 Юни 2010 (интервью с археологом Бориславовым) .

Во 2011 година на висорамнинката се пронајдени остатоци од ѕид, кој веројатно го одделувал светиот дел од останатата територија. Исто така пронајдена е место на масивна влезна порта.

Галерија

Белинташ во популарната култура Белинташ станал важна тема во жолтиот печат во Бугарија. Постојат многу легенди и приказни за ова место, површно обработени од новинарите. Наводно, некаде во близина е погребан чичко на Александар Македонски, кој погинал во бој со ПерсијцитеДоц. Калинов: Мистериозен тунел под България крие несметни богатства, тука се наоѓа космодром на вонземјани, а во 2012 година ѕвезда која се појавила над висорамнинката го спасила човештвото од уништување. Исто така публикувана е верзија според која Белинташ бил пристаништето за Ноевата арка после потопот .

Наводи

Надворешни врски Беланташ в реестре охраняемых территорий на сайте Агентства по окружающей среде Болгарии Белинташ — 360° Панорами , панорама Беланташа

Категорија:Родопи Категорија:Пловдив (област) Категорија:Археолошки наоѓалишта во Бугарија