Иван Апостолов, наречен Копаран Чауш или Даскалот (1847-1926) — македонски револуционер, и член на Македонската револуционерна организација.Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 11 и 12

Животопис Иван Апостолов е роден во 1847 година, во Куманич, Неврокопско, Пиринска Македонија. Учествувал како доброволец во Руско-турската војна во 1877 и 1878 година. Дејствувал во Кресненско, Пиринска Македонија. Бил уапсен од турската власт и осуден на доживотен затвор. За издржување на казната бил испратен на островот Родос, Грција. По амнестирањето во 1897 година се вратил во родниот крај, каде бил назначен за учител.

Учествувал во Илинденското востание, и учествувал во неколку судири со турската војска во Неврокопско. По востанието, станал комита во четата на војводата Атанас Тешовалијата.

Починал во Долна Бања, Бугарија, во 1926 година.

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски преселници во Долна Бања Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Учесници во Македонското востание Категорија:Учесници во Мелничкото востание