Биро за јавна безбедност при МВР — орган на министерството за внатрешни работи под чија надлежност е униформираната полиција и кој ги врши полициските работи во министерството. БЈБ е одговорно за јавната безбедност, врши надзор и контрола врз работата на подрачните единици на полицијата, и одговара за подготвеноста на полицијата за дејствување во сложени безбедносни операции. Со бирото раководи неговиот директор кој го именува и разрешува Владата на Македонија. Актуелен директор е Александар Јанев.
Наводи
Категорија:Министерство за внатрешни работи на Македонија