Нориљск () — индустриски град во Краснојарскиот крај, Русија, сместен над Северниот Поларник, источно од реката Енисеј и јужно од Тајмирскиот полуостров. Неговото постојано население изнесува 175.000 жители. Со привремените жители населението достигнува 220.000.

Тој претставува најсеверниот град со повеќе од 100.000 жители и втор најголем град (по Мурманск) во Северниот Поларник.

Градот бил основан во 1935 година.

Наводи

* Категорија:Градови во Русија Категорија:Градови во Краснојарскиот крај