Долно Оризари — населено место во Општина Шуто Оризари, Скопје. Тоа е физички споено со населбата Шуто Оризари, но сепак е водено како посебна скопска населба.
Географија и местоположба Населбата е сместена околу 7 км северно од средиштето на Скопје. На север лежи селото Горно Оризари, на запад е Визбегово, а на исток се гробиштата „Бутел“, и по нив, населбата Бутел 1. На југ е населбата Топанско Поле, на југоисток е Бутел 2, а на североисток е Радишани.
Историја Во век, селото е дел од нахијата Кара Даг (Црна Гора) во Скопската Каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 3 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 10 мажи христијани, без новороденчиња. Проценувано е дека селото во тој период имало 20 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 година, го забележал со 162 жители.
Население Според Пописот од 2002, населбата брои 1.550 жители, од кои:Долно Оризари (Шуто Оризари), Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)
Народност Вкупно Македонци 37 Албанци 1389 Турци 6 Роми 110 Власи 0 Срби 1 Бошњаци 0 останати 7
Општествени установи
Наводи