Крст на Свети Петар — превртен латински крст кој традиционално се користи како христијански симбол, но во последно време исто така се користи и како антихристијански симбол.

Христијанска традиција

Потеклото на симболот доаѓа од католичката традиција според која Свети Петар бил распнат на крст со главата надолуOur Christian Symbols by Friedrich Rest (ISBN 0-8298-0099-9), p. 29, како што напишал Ориген во Александрија. Традицијатата за првпат се појавила во „Мачеништвото на Петар“, фрагментиран текст кој бил напишан најдоцна до 200 година. Апокрифот кажува дека Свети Петар бил распнат на крст поставен наопаку, бидејќи никој не заслужувал да умре на истиот начин како што умрел Исус Христос. Според друга легенда, Свети Петар пробал да побегне од Рим, а по патот го сретнал самиот Исус Христос, на кој го прашал: „Каде ќе одиш, Господару?“, а на тоа Исус му одговорил: „Одам во Рим за повторно да ме распнат“. На тоа самиот Петар се предомислил и веднаш се вратил во Рим прифакајќи да стане маченик.

Антихристијанска традиција

Превртениот крст станал популарен и во антирелигиозни групи, појавувајќи се во неколку филмови. Освен тоа овој крст бил прифатен како симбол и на дел од панкерските, рокерските и металските музички групи како и во сатанските секти.

Наводи

Надворешни врски Saint Peter - Catholic Encyclopedia Photo of Lutheran Church of Veitsiluoto in Kemi, Finland, with Cross of Peter (text in Finnish)

Петар Категорија:Апостол Петар Категорија:Христијански поими