Сува Река — река, суводолица во Македонија, која протекува југозападно од градот Скопје. Како што укажува и нејзиното име таа претставува суводолица, која има постојан и висок водостој за време на топењето на снеговите на Караџица во текот на пролетните месеци, кога таа течејќи на неколку места го преплавува асфалтниот пат кон околните села, а вода има и за време на врнежи, додека во летниот период нејзиното корито е целосно суво. Според записите на македонскиот револуционер Ѓорче Петров во книгата Материјали по изучувањето на Македонија, Сува Река настанува со составувањето на 2 потока: од самата Сува Река и Патишка Река. Првата започнува да тече во долот кој ја разделува Сува Гора (Скопска) од Рудина и ги собира водите од северозападниот крај на Каршијак. Патишка Река започнува да тече на Црн Врв недалеку од езерата (Салаковски Езера, н.з.) и надолу слегува по длабокиот дол помеѓу Караџица и Ибраимица. Двете се соединуваат на 1 час под селото Јаболци, а уште 1 час подолу под името Сува Река заедничките води се влеваат во Маркова Река од левата страна спроти село Варвара. Како што покажува и самото име на реката, Сува Река е суводолица без посебен извор и без вода преку летото, но затоа кога дотекува таа е доста бујна и страшна.

Наводи

Поврзано Патишка Река

Категорија:Реки во Македонија