Андреа Пенезиќ (родена на 13 ноември 1985 година) е хрватска ракометарка која игра на позицијата лев бек за Шиофок.
Таа исто така е поранешена репрезентативка на хрватската женска ракометна репрезентација.
Клупска кариера Почетоци, Локомотива и Подравка Андреа Пенезиќ започнала да тренира ракомет кога била 5-то одделение, во ОУ Отон Ивековиќ во загрепскиот кварт Кустошија во рамките на една секција на основното училиште од која на иницијатива на нејзиниот прв тренер, професорот Антун Смиљаниќ бил основан и Ракометниот клуб Кустошија Загреб (денешен ЖРК Загреб) во 1995 година. Андреа се покажала како најталентирана ракометарка на новоформираниот клуб и добила повик да игра во сите младински категории на хрватската репрезентација.
Во 2000 година се преселила во еден од посилните клубови во Хрватска, Локомотива Загреб, каде воглавном седела на клупа во четирите најосетливи години во развојот на младите играчи. Така, успешната кариера која и се предвидувала на Андреа како една од најталенираните хрватски играчки, била доведена во прашање поради големото кочење во развојот, бидејќи покрај тоа што играла малку тоа го правела само во одбрана.
Сепак, со заминувањето во Подравка од Копривница под водство на тренерот Здравко Зовко Пенезиќ пронашла простор за игра и напредок. Во својата прва сезона постигнала 55 гола во натпреварите од Лигата на шампионите. Во двете сезони во клубот, Пенезиќ и помогнала на Подравка да го освои хрватското првенство двапати (2008-2009 и 2009-2010) и Купот на Хрватска двапати (2008-2009 и 2009-2010).
Крим Во летото 2010 година, Пенезиќ потпишала за словенечкиот Крим.Penezić to Krim Во сезоната 2012-2013 играла со клубот во полуфиналето на Лигата на шампионите против Ларвик, но и покрај победата во гости од 24-22 во првиот натпревар норвешкиот клуб се пласирал понатаму со победа од 27-19 во реваншот во Словенија; Пенезиќ постигнала вкупно 7 гола во полуфиналниот двомеч, 4 во првиот и 3 во вториот натпревар. По големата финансиска криза со која се соочил Крим во текот на сезоната 2013-2014, повеќето добри играчи морале да го напуштат клубот, а меѓу нив била и Пенезиќ.Kriza trese Krim, igračice dva mjeseca bez plaće: Penezić u Vardar
Вардар Во јануари 2014 година, Пенезиќ заедно со нејзината колешка од Крим Барбара Лазовиќ потпишала за Вардар. Во интервју за eurohandball.com Пенезиќ изјавила: Со обзир на финансиските проблеми во кои се најде Крим многу играчи си отидоа и не можевме да избориме пласман во Лигата на шампионите. Жал ми е за тоа што се случи затоа што се работи за голем клуб со долга традиција и се надевам дека набрзо повторно ќе фи видам во европските натпреварувања. Вардар го одбрав затоа што верувам дека е одлична екипа, со голем број одлични играчи и сакав да бидам дел од колектив кој има големи амбиции во Европа. Со овој тим ќе пробам да ја освојам Лигата на шампионите, но тоа ќе биде тешка задача.Andrea Penezić za EHF: S Vardarom ću pokušati osvojiti Ligu prvaka hrvatskareprezentacija.hr Во првата сезона во црвено-црниот дрес, Андреа му помогнала на Вардар да ги освои првенството и купот на Македонија. Таа исто така била најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 102 постигнати гола колку што имала и Кристина Њагу од Будуќност, но Вардар бил елиминаран во полуфиналето на фајнал форот и морал да се задоволи само со третото место.
Во февруари 2017, Пенезиќ го продолжила договорот со Вардар за уште една година.Андреа Пенезиќ потпиша нов едногодишен договор со Вардар zrkvardar.mk
Шиофок Во март 2018, Пенезиќ заедно со својата соиграчка од Вардар, Татјана Хмирова, потпишале едногодишен договор со унгарскиот Шиофок.Пенезиќ и Хмирова претставени во Шиофок! sportski.mk
Репрезентативна кариера Пенезиќ ја претсавувала својата репрезентацијата на Европското првенство во 2008 година каде што Хрватска завршила на шестото место, а таа била во топ десетте стрелци на турнирот.
Исто така таа била дел од хрватската репрезентација и на Светското првенство 2011 и Олимпискиот турнир 2012 на кои Хрватска го заземала 7-мото место и во двата случаи.
Титули Хрватско првенство Победници: 2009, 2010 Куп на Хрватска Победници: 2009, 2010 Словенечко првенство Победници: 2011, 2012, 2013, 2014 Куп на Словенија Победници: 2011, 2012, 2013, 2014 Суперкуп на Словенија Победници: 2014
Македонско првенство Победници: 2015 Куп на Македонија Победници: 2015 ЕХФ Лига на шампиони Второ место: 2017 Трето место: 2015
Награди Лев бек во Ол стар тимот на Светското првенство за жени во 2011 година: 2011 Најдобар стрелец во Лигата на шампионите: 2015 (заедно со Њагу) и 2017
Наводи
Категорија:Родени во 1985 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Хрватски ракометарки Категорија:Ракометарки на РК Крим Категорија:Ракометарки на ЖРК Вардар Категорија:Ракометарки на Шиофок