Стефан де Врај (роден на 5 февруари 1992 година) — холандски фудбалер, играч од одбраната на ФК Интер и на холандската репрезентација.
Својата кариера ја започнал во локалниот клуб ВВ Спирит, а подоцна дебитирал како професионалец за Фејенорд на возраст од 17 години. Тој поминал пет сезони во клубот од Ердивисие, и за кратко време станал капитен, пред да замине во Лацио во јули 2014 година.
Неговата репрезентативна кариера започнала во 2012 година, и од тогаш забележал над 25 настапи за Холандија. Тој бил во холандскиот тим кој го освоил третото место на Светското првенство во 2014 година, и бил избран во тимот на турнирот.
Ран живот Де Врај израснал во Аудкерк на Ајсел, Јужна Холандија. Тој е помлад син на Јан де Врај, кој некогаш играл за локалниот ВВ Спирит, каде што Стефан ја започнал кариерата. Неговите постари браќа Нилс и Ерик, играле фудбал во нивната младост, но подоцна тргнале по други патишта.
Наводи
Надворешни врски
Voetbal International profile
Netherlands U16 stats at OnsOranje Netherlands U17 stats at OnsOranje Netherlands U19 stats at OnsOranje Netherlands U20 stats at OnsOranje
Категорија:Холандски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Фејенорд Категорија:Фудбалери на ФК Лацио Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1992 година