Втора Грчка Република () ― историографски поим за политичкиот режим во Грција во периодот помеѓу 1924 и 1935 година. Уредувањето следело после периодот на уставната монархија под монарсите од династијата Гликсбург, и траела до нејзиното отфрлање со воен пуч со која била обновена монархијата. Втората република го означува вториот период во современата грчка историја во кој Грција не била водена од крал, при што собранијата и привремените влади за време на Грчката револуција се сметани за Првата република.

Втората република била прогласена на 25 март 1924 година, како последица на поразот на Грција во Грчко-турска војна (1919-1922), за кој била обвинувана ројалистичката влада. За време на нејзиното кратко постоење, Втората република се покажала за нестабилна. Грчкото општество и понатаму останало поделено, како и по Националниот раскол, помеѓу прорепубликанските Венизелисти и монархистите претставени од Народната партија, кои одбивале дури и да ја признаат легитимноста на Републиката.

Расколот во општеството се проширил и на културни и општествени прашања, како разликите за употребата на грчкиот јазик до архитектонските стилови. На оваа поларизација било додадено и дестабилизирачкото вклучување на војската во политиката кое резултирала со неколку удари и обиди за државен удар. Економијата била во пропаст после една декада на војување како и неможноста да бидат поддржани 1.5 милион бегалци кои пристигнале со размената на население со Турција.

И покрај напорите на реформистичката влада на Елефтериос Венизелос во 1928–1932, Големата депресија имала катастрофално влијание врз грчката економија. Победата на Народната партија во 1933, и двата неуспешни државни удари од страна на Венизелистите, го отвориле патот за повторно стапување на власт на кралот Георги II.

Надворешни врски Hellenic Parliament - Constitutional History of Greece Greece during the Interwar Period, 1923-1940, from the Foundation of the Hellenic World

Категорија:Републиканство во Грција Категорија:Грција во новиот век Категорија:Политичка историја на Грција Категорија:Поранешни републики Категорија:Држави и територии настанати во 1924 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1935 година