Мигел Анхел Моја Румбо (; роден на 2 април 1984 година) — шпански порфесионален фудбалер кој настапува за Атлетико Мадрид како голман. Тој одигра 290 натпревари во Ла Лига во текот на 12-те поминати сезони во дресот на Мајорка, Валенсија и Хетафе.
За младите селкеции на репрезентацијата на Шпанија, Моја одигра 38 натпревари на повеќе нивоа.
Клупска кариера
Мајорка Роден во Бинисалем, Мајорка, Моја го направи своето професионално деби во родниот град Мајорка на 29 август 2004 година во 0-1 поразот од Реал Мадрид, и во таа сезона, тој забележува 32 настапи во Ла Лига, тим кој во сезоната 2004-05 едвај избегна испаѓање.За две години, тој стана неприкосновен стартер.
Од 2007 до 2009 година, сепак, Моја силно се бореше со повредите, и се појавува само во тринаесет натпревари на Балеарските Острови вториот дел од сезоната 2009 година. Moyà es operado por segunda vez (Moyà undergoes surgery for the second time); Info Balear, 11 February 2009 (in Spanish)
Валенсија Доцна во јуни 2009 година, Моја се согласи да ја смени средината и да премине во Валенсија за 5 милиони евра.Mestalla calls for Moyá and Saltor ; UEFA.com, 1 July 2009 На 5 август, во поразот со 0-2 против Манчестер Јунајтед, во претсезонските подготовки, тој играше повеќе од 30 минути како централниот играч од средниот ред, бидејќи сите замени биле направени од страна на Унај Емери и на тој натпревар Моја се повреди; при резултат на семафорот од 0-1. .El Valencia cae con el Manchester ¡con Moyá de mediocentro! (Valencia falls at Manchester with Moyá as central midfielder!); Marca, 5 August 2009 (in Spanish)
Моја го направи своето деби во натпреварот против Севиља во сезоната 2009–10 во Ла Лига, со победа од 2–0 на домашен терен,Valencia 2–0 Sevilla FC ; ESPN Soccernet, 30 August 2009 но брзо после тоа, го изгуби своето место во тимот, од страна на ветеранот Цезар Санчес, поради својте грешки во одбраната..
Хетафе На 15 јуни 2011 година, Моја се приклучи на Хетафе на заем, како дел од зделката со Даниел Парехо. На крајот на сезоната 2011-12 во која тој пропушти само два натпревари за тимот од периферијата на Мадрид тој потпиша договор на неопределено време од четири години.Moyá: "Estoy en Getafe muy feliz y por deseo personal" (Moyá: "I am very happy in Getafe and because i wanted"); Marca, 5 July 2012 (in Spanish)
Моја заработи повреда на коленото во март 2014 година за време на натпреварот против Еспањол,и го пропушти остатокот од сезоната 2013-14 во Ла Лига.
Атлетико Мадрид На 4 јуни 2014 година, Моја потпиша тригодишен договор со Атлетико Мадрид, за 3 милиони евра. За време на неговата презентација следниот ден, тој рече: "Нема подобар момент од овој за да се дојде во Атлетико. Барањата е да се биде силен, но кога еден фудбалер е роден таков, тој сака да биде во клуб како што е Атлетико Мадрид, еден од најголемите тимови во Европа ".
Моја го направи своето деби во првиот натпревар во 2014 година во Супер купот на Шпанија на 19 август, против Реал Мадрид, резултат беше 1-1. Тој започна како стартер до финалето во сезоната 2014-15 во Ла Лига, но, откако доживеа повреда на левото бедро во Лигата на Шампионите против Баер Леверкузен 04, тој ја изгуби позицијата од Јан Облак.
Репрезентативна кариера За национлните селекции на Шпанија, Моја настапи на квалификациите УЕФА Европското првенство Под-21 во финалниот пораз од Италија.Moyà heroics keep Italy at bay ; UEFA.com, 6 October 2006 Наводи
Надворешни врски Atlético Madrid official profile
Real Mallorca bio
Категорија:1984 births Категорија:Живи луѓе Категорија:Spanish footballers Категорија:Шпански фудбалери Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Родени во 1984 година