Лукас Франсоа Бернар Ернандес (роден на 14 февруари 1996 г.), познат и едноставно само како Лукас — француски фудбалер, на .

Клупска кариера

Роден во Марсеј, Франција, во моментот кога неговиот татко Жан-Франсоа играл за Олимпик Марсеј, Лукас се приклучил на младинската школа на Атлетико Мадрид во 2007 година на 11-годишна возраст.

На 9 ноември 2013 година, додека сè уште бил јуниор, тој бил повикан во сениорскиот состав на Атлетико Мадрид од менаџерот Диего Симеоне за натпревар против Виљареал во рамките на Ла лига, но сепак не добил шанса на натпреварот кој завршил со резултат 1–1.

Својот прв сениорски натпревар во кариерата, Лукас го одиграл на 26 април 2014 година, настапувајќи за Атлетико Мадрид Б во поразот од 0–1 против Реал Сосиедад Б во Сегунда Дивизион Б. Тој одиграл уште три натпревари за резервниот тим во сезоната, и помогнал тимот да се избори за опстанок; тој исто така потпишал нов договор со клубот во јуни 2014 година, со важност до 2018 година.

Лукас првиот натпревар за првиот тим на Атлетико Мадрид го одиграл во декември 2014 година, одигрувајќи ги сите 90 минути во гостинската победа од 3–0 против Оспиталет во рамките на Копа дел Реј. Своето деби во Ла лигата, Лукас го забележал на натпреварот против Атлетик Билбао, натпревар кој неговиот клуб го добил со 4–1, а Лукас влегол во игра од клупата за резервни играчи.

На 10 август 2015 година, Лукас го обновил договорот до 2019 година и дефинитивно напредувал во првиот тим на Атлетико Мадрид. На 15 март 2016 година, Лукас го одиграл својот прв натпревар во Лигата на шампионите, заменувајќи го повредениот Диего Годин во продолженијата од осминафиналниот натпревар против ПСВ Анјндховен (0–0 по 120 минути, 8–7 победа по изведување пенали); тој исто така влегол во игра во продолженијата во финалето од Лигата на шампионите, натпревар кој Атлетико Мадрид го загубил на изведување пенали од Реал Мадрид.

Статистика Клуб (Податоци до 29 април 2017 година)

КлубСезонаЛигаКупКонтиненталниДругоВкупноДивизијаНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиАтлетико Мадрид2014–15Ла лига10300000402015–161002040—1602016–171205030—200Вкупно во кариерата2301007000400

Личен живот Таткото на Лукас, Жан-Франсоа, бил исто така фудбалер и играл на позицијата среден бек. Тој исто така играл за Атлетико Мадрид

Неговиот помлад брат, Тео, ја поминал школата на Атлетико Мадрид. На 3 февруари 2017 година, Лукас бил уапсен поради сомнение за напад на својата девојка која исто така била повикана да се појави на суд.

Успеси Атлетико мадрид Лига на шампиони: Финалист 2015–16

Наводи

Надворешни врски Atlético Madrid official profile French Football Federation profile

Категорија:Родени во 1996 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Француски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Атлетико Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Бајерн Минхен Категорија:Фудбалери на ФК Париз Сен Жермен Категорија:Витези на Легијата на честа Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026