Румен Георгиев Радев () — бугарски генерал-мајор на армиските резервисти и премиер на Бугарија од 8 мај 2026 г. Бил на функцијата претседател на Бугарија од 2017 до 2026 г. Претходно служел како командант на бугарските воздухопловни сили.
Животопис Румен Радев е роден на 18 јуни 1963 година во Димитровград, Бугарија. Во 1982 завршил математичко училиште во Хасково со највисоки оценки. Во 1987 дипломирал на универзитетот за воздухопловство „Георги Бенковски“ како првенец на генерацијата. Во 1992 бил на неколкунеделна обука во САД, а во периодот 1994–1996 учел на воената академија „Георги Раковски“ каде исто така бил првенец на генерација. Радев има докторска дисертација за воени науки во полето на тактичка обука на авионски екипи и симулирање воздушна борба. Во 2003 завршил колеџ за воздухопловство во САД и се стекнал со титулата магистер за воени стратегии.Major General Rumen Radev // Department of Defence. Retrieved August 11, 2016
На претседателските избори во 2016 Радев настапил како независен кандидат поддржан од Социјалистичката партија.BSP elected Gen. Radev as a presidential candidate with 99 votes, Bulgarian National Radio, Radio "Sofia", August 17, 2016 По првиот круг од изборите, Радев бил прв со освоени 25.44% од гласовите. Во вториот круг ја победил Цецка Цачева од ГЕРБ, освојувајќи 59.37% од гласовите. На функцијата претседател на Бугарија стапил на 22 јануари 2017 година.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Бугарски политичари Категорија:Бугарски генерали Категорија:Премиери на Бугарија Категорија:Претседатели на Бугарија Категорија:Луѓе од Димитровград (Бугарија)