Хашим Тачи () — косовски политичар кој ја извршувал функцијата претседател на Косово од 7 април 2016 година до неговата оставка во 2020 година. Претходно бил премиер на Косово во периодот 2008–2014, а потоа и министер за надворешни работи и вицепремиер во владата на премиерот Иса Мустафа (2014–2016). Тачи бил претседател на Демократската партија на Косово од нејзиното основање во 1999 до 2016, кога бил избран за шеф на државата. Тој бил познат и како политички водач на Ослободителна војска на Косово (ОВК), паравоена организација која учествувала во Косовската војна, за што бил осуден за воени злосторства во септември 2026 година.

Животопис Хашим Тачи е роден на 24 април 1968 во Србица, денешно Косово. Србица се наоѓа близу Дреница, место каде била основана Ослободителна војска на Косово (ОВК) во раните 1990-ти. Тачи студирал историја и филозофија на универзитетот во Приштина, а во 1993 живеел во Швајцарија каде се приклучил на политичките групи на албанската емиграција. Запишал постдипломски студии на универзитетот во Цирих, но не ги завршил.

Истата година се приклучил во ОВК, каде имал улога да обезбеди оружје и парични средства, како и да обучи и префрли нови регрути од Албанија на Косово. На 17 јули 1997 во Приштина на Тачи во отсуство му се судело за тероризам поради активностите во ОВК, и бил осуден на затворска казна од 10 години. Во март 1999 Тачи бил на мировни преговори во Рамбује како водач на косовските Албанци. За него било прифатливо Косово да има автономија во рамките на Србија, додека неговите соборци не сакале да прифатат ништо освен независност на Косово. Потоа Тачи како водач на најсилната политичка фракција на ОВК формирал влада на Косово, чиј премиер бил токму тој (1999–2000). Според одредени извори, Тачи наредил убиство на водачите на помалите сопернички фракции од ОВК.

Тачи бил обвинет за врски со криминалното подземје. Се сметало тој обезбедувал финансии за ОВК преку шверц на хероин и кокаин во западна Европа."KLA finances fight with heroin sales - Terror group is linked to crime network"; Jerry Seper. Washington Times, Washington, D.C.: May 3, 1999. pg. A.1 Според други обвинувања, Тачи учествувал во нелегална трговија со човечки органи за време на војната во Југославија, за што требало да биде обвинет од Хашкиот трибунал.

Тачи победил на парламентарните избори во ноември 2007, а во јануари 2008 бил изгласан за премиер во косовското Собрание. За време на неговата инаугурација изразил намера да прогласи независност на Косово во првата половина на 2008. На 17 февруари била прогласена независност на Косово од Србија. Тачи на премиерската позиција останал до 2014, а во февруари 2016 пратениците од косовското Собрание го избрале за претседател на Косово во времетраење од пет години.Petrit Collaku "Hashim Thaci elected President of Kosovo" Balkan Insight

Судење и осуда

Тачи првпат се појавил пред судот на 9 ноември 2020 година, кога се изјаснил дека не е виновен. Неговите тројца сообвинети, исто така, се изјасниле за невини. Судењето започнало во април 2023 година. Во декември 2024 година, Тачи бил дополнително обвинет за попречување на службени лица во извршувањето на нивните должности, нарушување на доверливоста на судската постапка и непочитување на судот, во врска со „наводни незаконски обиди за влијание врз сведочењата на сведоците“ за време на судењето. Во март 2025 година, Тачи бил привремено пуштен од притвор за да го посети својот болен татко во Приштина. Откако неговиот татко набргу потоа починал, Тачи повторно бил привремено пуштен од притвор за да го посети неговиот гроб, бидејќи претходно не му било дозволено да присуствува на погребот.

На 16 септември 2026 година, Тачи бил прогласен за виновен и осуден на 25 години затвор. Тој бил прогласен за виновен за убиството на 96 политички противници и наводни соработници со српските сили во 1990-тите, за незаконско лишување од слобода на 385 лица, тортура врз 303 лица и сурово постапување со 49 лица. Бил ослободен од обвинението по шест точки за злосторства против човештвото.

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место на косовскиот премиер Профил на BBC

Категорија:Косовски Албанци Категорија:Косовски политичари Категорија:Претседатели на Косово Категорија:Премиери на Косово