Алесио Черчи (роден на 23 јули 1987 во Велетри) — италијански поранешен фудбалер, напаѓач или играч од средниот ред.

Биографија Роден е во Велетри, но по потекло е од Валмонтоне. На 4 јуни 2015 тој се оженил во Рим со Федерика Рикарди.

Технички карактеристики Природно игра со левата нога, со добра техника и брзина, игра главно како напаѓачко крило или по надворешните позиции во средниот ред: способен е да дејствува на двете страни од теренот, но претпочита да игра по десната страна за да може подобро да се намести да центрира и да шутира кон голот со левата нога. Во деновите кога беше играч на Торино, тренерот Џампјеро Вентура го користел како втор напаѓач.

Кариера Клупска кариера Черчи израснал во Валмонте, а во 2003 година се приклучува на академијата на Рома. Во тоа време тренер на клубот бил Капело, кој во неговата последна сезона на клупата на џалоросите, му дал можност на 16-годишниот Черчи да дебитира на 16 мај 2004 година во натпреварот против Сампдорија. На 21 март 2005 година го потпишал својот прв професионален договор и, додека продолжува да игра во Примавера првенството, собрал уште други 3 настапи во Серија А до сезоната 2005-2006.

Својата најдобра сезона во кариерата ја одиграл во дресот на Торино во сезоната 2013-2014 во Серија А кога на 37 натпревари постигнал 13 гола и забележал 10 асистенции. Веднаш по таа сезона на 1 септември 2014, Черчи потпишал тригодишен договор со шпанскиот Атлетико Мадрид, кој за неговите услуги му платил на Торо 16 милиони евра. Не можејќи да се избори за постојано место во почетната постава на колчонерос, Черчи бил позајмуван назад во Италија на Милан на 5 јануари 2015 и Џенова на 22 јануари 2016.

На 31 август 2016 му пропаднал трансферот во Болоња поради тоа што не успеал да ги мине медицинските тестови заради проблеми со коленото па останал во Атлетико Мадрид, но одиграл само два натпревари за клубот во сезоната 2016-2017.

На 10 јули 2017, Черчи потпишал за Хелас Верона,Official:Verona sign Cerci football-italia.net каде одиграл 25 натпревари и постигнал 3 гола.

На 17 август 2018, Черчи потпишал тригодишен договор со турската екипа Анкарагуџу.

На 7 август 2019, тој се вратил во Италија потпишувајќи договор за екипата од Серија Б, . Својата последна сезона во кариерата ја одиграл во екипата на во Серија Ц. По една сезона без клуб, Черчи го објавил своето повлекување од фудбалот на 1 јули 2023 година.

Репрезентативна кариера Черчи бил член на сите младински селекции на Италија, од онаа под 16 до под 21 година.

Своето деби за сениорската репрезентација го направил во ремито 2-2 против Бразил во пријателски натпревар.

Хронологија на репрезентативните настапи

Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 15 април 2017..

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2003-2004 Рома А 1 0 КИ 0 0 КУ 0 0 - - 1 0 2004-2005 А 2 0 КИ 0 0 ЛШ 0 0 - - 2 0 2005-2006 А 1 0 КИ 1 0 КУ 0 0 - - 2 0 2006-2007 Бреша Б 21 0 КИ 2 0 - - - - 23 0 2007-2008 Пиза Б 26 10 КИ 2 0 - - - - 28 10 2008-2009 Аталанта А 13 0 КИ 1 0 - - - - 14 02009-2010 Рома A 9 0 КИ 2 0 ЛЕ 81 настап во преелиминарните кола. 31 гол во преелиминарните кола. - - 19 3Вкупно Рома 13 0 3 0 8 3 - - 24 3 2010-2011 Фјорентина А 24 7 КИ 3 1 - - - - 27 8 2011-2012 А 23 5 КИ 3 3 - - - - 26 8Вкупно Фјорентина 47 12 6 4 - - - - 53 16 2012-2013 Торино A 35 8 КИ 0 0 - - - - 35 8 2013-2014 A 37 13 КИ 1 0 - - - - 38 13Вкупно Торино 72 21 1 0 - - - - 73 21 2014-јан. 2015 Атлетико Мадрид ПД 6 0 КШ 1 0 ЛШ 2 1 СШ 0 0 9 1 јан.-јун. 2015 Милан А 16 1 КИ 2 0 - - - - 18 1 2015-јан. 2016 А 13 0 КИ 2 0 - - - - 15 0Вкупно Милан 29 1 4 0 - - - - 33 1 јан.-јун. 2016 Џенова А 11 4 КИ 0 0 - - - - 11 4 2016-2017 Атлетико Мадрид ПД 1 0 КШ 1 0 ЛШ 0 0 - - 2 0Вкупно Атлетико Мадрид7 0 2 0 2 1 - - 11 1 2017-2018 А 24 3 КИ 1 0 - - - - - - 25 3 2018-2019 Анкарагуџу СЛ 12 1 КТ 4 4 - - - - - - 16 5 2019-2020 Б 10 0 КИ 0 0 - - - - - - 10 0 окт. 2020-апр. 2021 Ц 15 0 КИ - - - - - - - - 15 0Вкупно во кариерата 300 52 26 8 10 4 0 0 336 64

Наводи

Надворешни врски

Алесио Черчи на soccerway Алесио Черчи на transfermarkt Алесио Черчи на espn Алесио Черчи на goal.com Алесио Черчи на whoscored Алесио Черчи на tuttocalciatori.net

Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Фудбалери на ФК Пиза Категорија:Фудбалери на ФК Бреша Категорија:Фудбалери на ФК Аталанта Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Фудбалери на ФК Торино Категорија:Фудбалери на ФК Атлетико Мадрид Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Џенова Категорија:Фудбалери на ФК Верона Категорија:Фудбалери на ФК Салернитана Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1987 година