Софијин парк или Софијивка (, ) – ботаничка градина (арборетум) и научно-истражувачки институт на Националната академија на науките на Украина.
Паркот е сместен во северниот дел на градот Уман, Черкаска Област во средишна Украина, во близина на реката Камјанка. Некои подрачја на паркот потсетуваат на англиска градина. Денес паркот е популарно место за рекреација, годишно го посетуваат 500 000 посетители.
Паркот го основал полскиот благородник Станислав Потоцки во 1796 година и го именувал по својата жена, Гркинка, која се викала Софија Потоцка. Софијивка е убав симбол на градинарскиот дизајн од почетокот на XIX век. Во паркот има повеќе од 2 000 дрвја и грмушки (локални и егзотични) меѓу кои се таксодиум, платани, гинко, и многу други.
Во 1985 година малата планета #2259 е наречена „Софијивка“ според овој парк.
Софијиниот парк е на списокот на „Седумте чуда на Украина“, седумте најпосетувани знаменитости од историја на Украинаукраинската историја.
Галерија Софијивкаborder|200pxborder|130pxborder|200px
Категорија:Паркови во Украина Категорија:Арборетуми Категорија:Ботанички градини во Украина Категорија:Заштитени подрачја во Украина Категорија:МСЗП-Категорија IV